Иако многумина копнеат да имаат добро и исправно држење на телото, само малкумина ја исполнуваат оваа цел. Затоа прочитајте ги следниве неколку фантастични совети за тоа како да го исправите грбот и да постигнете правилно држење на телото кое ќе ве заштити од многу идни здравствени проблеми.rn
1. Правете вежби за подобрување на држењето
rn
rnrnНајдете време за неколку вежби кои ќе го подобрат вашето држење. Обидете се да вежбате 10-20 минути во денот. Не присилувајте се премногу, бидејќи на тој начин само ќе ја влошите состојбата. Ако работите во канцеларија, не заборавајте секојдневно да ги истегнувате грбот, вратот и рамената.rn
2. Организирајте го вашето работно место
rn
rnrnАко долго време работите пред компјутер, треба да размислите за добро организирање на вашето работно место. Најважното нешто е да ја наместите висината на бирото и столот со цел да можете да седите исправени во текот на целото работно време.rn
3. Дури и телефонот треба да се држи правилно
rn
rnrnМногумина се наведнуваме кога пребаруваме низ телефоните и лаптопите без да го забележиме тоа. Обидете се да го држите вашиот телефон пред вас, а лаптопот на вистински агол кон масата на која седите со цел да не мора да се згрбавувате со цел да гледате во екранот.rn
4. Инсталирајте специјални апликации на вашиот телефон
rn
rnrnИма неколку одлични апликации кои ќе ви помогнат да го држите грбот исправен. Една таква е Nekoze, која ја користи камерата од вашиот телефон за да го следи вашето држење на грбот, а ако почнете да се искривувате, апликацијата ве алармира.rn
5. Научете правилно да дишете
rn
rnrnДишењето е важно за движењата и сетилата. Ќе дишете многу поефикасно ако ја користите вашата дијафрагма, а исправеното држење ќе дојде природно со правилното дишење.rn
6. Внимавајте на држењето во секое време
rn
rnrnСекогаш треба да внимавате да го држите грбот исправен, не само кога работите, туку и кога возите или спиете. Кога е во прашање спиењето, внимавајте дека сте ги избрале вистинските перница, ќебе и душек.rn
7. Најдобро е аголот на вашиот грб да биде 135 степени кога седите
rn
rnrnЗапомнете, кога седите под вистински агол, вашиот грб е помалку затегнат и се создава помалку притисок врз ‘рбетот и мускулите.rn
8. Вежбајте јога
rn
rnrnЈогата ја подобрува вашата духовна и физичка благосостојба. Другите фитнес програми како пилатес или аеробик, исто така можат да ви помогнат да имате исправено држење.
