Позицијата на бенката открива многу за личноста, па така онаа на челото се поврзува со страв од авторитети, а доколку е на носот со љубовни проблеми.rnrn
rnrnПозицијата на бенката на телото овозможува увид во човечкиот карактер, состојбата на умот, здравјето и иднината, судејќи според кинеската астрологија. Тоа знаење Кинезите го користат во медицината. Кинеските астролози веруваат дека енергијата во телото е поактивна во различни периоди. Врвот на таа енергија се рефлектира во здравите бенки. Во текот на тинејџерските години бројот на бенките се зголемува, а во бременоста можат да потемнат, додека после 40-тата можат полека да почнат да исчезнуваат.rn
Чело
rnБенката на средината на челото открива некого кој има проблеми со авторитетот и не се снаоѓа добро со надредените или со родителите. Кога е бенката на страна се поврзува со енергичност и фокусираност.rn
Веѓи
rnАко бенката е под веѓите, тоа симболизира богатство или изобилство. Бенката која се сокрива е знак на уште поголемо богатство. Кога е над веѓата значи дека во животот ве очекува постојано снабдување со пари.rn
Очни капаци
rnБенката на очните капаци симболизира дисхармонија со семејството и постојано губење пари. Ако е под окото, тогаш упатува на преемоционална личност.rn
Образи
rnБенката на образите е обележје на осамени луѓе и оние кои не можат да се смират за да основаат семејство. Ако бенката се наоѓа близу до носот, како кај Мерлин Монро, тоа може да упатува на несреќа.rn
Уши
rnВо кинеската астрологија, ушите го означуваат карактерот, па затоа бенка на ушите се поврзува со добра личност со добра репутација. Внатре во увото значи долг живот, на врвот симболизира интелигенција, а кога има бенки на двете уши, тоа е знак на влијание.rn
Нос
rnБенката на врвот на носот укажува на љубовни проблеми и нестабилност, додека онаа на мостот на носот симболизира неволји. Оваа бенка исто така се поврзува со воркохолиците. Бенката на страна се поврзува со луѓе кои се добри со пари.rn
Брада
rnКога бенката е на брадата, тоа симболизира тврдоглавост и упорност, но се поврзува и со желбата за промена или патување.rn
Усни
rnАко бенката е над горната усна, оваа позиција се поврзува со привилегиран живот. Бенката под долната усна е знак дека вашите деца ќе бидат успешни во животот.rn
Врат
rnВратот во кинеската астрологија се поврзува со духовниот и телесниот живот. Бенката на тоа место го прекинува дотокот на енергијата и може да означува разочарување. Ако е на средината на вратот, тогаш се поврзува со див карактер и личност која може да ги повреди блиските луѓе.rn
Раце
rnБенката на подлаткицата укажува на сочувствителни луѓе, а на надлактицата – добра снаодливост со пари.rn
Гради
rnСимбол на моќ, висока позиција во друштвото или во професијата. Ако се наоѓа на брадавиците, тоа значи дека децата ќе ви бидат успешни во животот.rn
Стомак
rnКолку е поблизу до папокот, толку повеќе среќа во животот ќе имате.rn
Дланки
rnОвие бенки укажуваат на вешти луѓе кои можат добро да заработуваат.rn
Грб
rnЛуѓето кои имаат бенка на грбот најчесто носат тежок товар во животот. Тие напорно работат, затоа успехот им е извесен, но им треба повеќе време за да го постигнат.rn
Нозе
rnБенка на бедрата е знак кој ги открива луѓето кои се одлични во кревет и сакаат да експериментираат. На листовите е знак на спортски проблеми, а на колената на пари.rn
Стапала
rnБенката на стапалата се поврзува со добар водач и добри дела.rn
Задник
rnБенката на овој дел од телото се поврзува со обилна храна и здравје. Таа симболизира добра репутација и великодушна желба за помош на другите.