Друштвото за управување со амбалажен отпад Пакомак заедно со Про кредит банка веќе четврта година по ред го организира настанот „Треш фор арт“ кој има за цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата од секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да создадат интересни уметнички творби од пластика, хартија, лименки, стакло или композит.rnrn
rnrnНаградниот конкурс „Треш фор арт 2014“ е отворен за возрасни и за деца што ќе се натпреваруваат во две категории – поединци и училишта. Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди и тоа: 50.000 денари за првото место, 25.000 денари за второ и 15.000 денари за трето место.rnrn
„Имајќи во предвид дека веќе четврта година по ред заедно со Про кредит банка го одржуваме овој настан, и при тоа предизвикуваме навистина голем интерес, задоволството е неизбежно бидејќи на еден креативен начин ја подигаме свеста за амбалжниот отпад, кој во случајов и не можеме да го наречеме отпад, туку уметничко дело. Мотивацијата и инспирацијата да се создаде нешто вредно од отпад се чини дека е голем предизвик, па на крајот комисијата има навистина тешка задача за да го одбере најдоброто дело. Ги покануваме сите кои се чувствуваат креативни да земат учество и да направат нешто вредно за паметење,“ изјави Филип Иваноски, директор на Пакомак.
rnrnПод амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, обвивки и сл.rnrnГотовите дела треба да се достават на 15 и 16 декември, од 10 до 18 часот, во зградата на Кинотека на Македонија во Скопје, на адресата „Никола Русински“ бр.1 (кај библиотека „Другарче“, наспроти средното училиште „Никола Карев“, во населбата Карпош 3).rnrnПовеќе информации во врска со правилата за учество можете да најдете на веб-сајтот на Пакомак.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.