КАФЕ ПАУЗА

Науката покажува дека имате помали шанси за смрт ако ве лекува жена доктор

И покрај тоа што на медицинското поле порано доминирале само мажи, жените доктори во моментов достигнуваат околу 1/3 од сите медицински лица и над половина од медицинските училишта. И тоа е одлично затоа што според една студија, мажите и жените различно ја практикуваат медицината – едната група поуспешно од другата.rnrnНауката покажува дека имате помали шанси за смрт ако ве лекува жена докторrnrnСпоред новата студија објавена во журналот „JAMA Internal Medicine“, докторките што работеле во болниците имале пониска 30-дневна смрт на пациенти во однос на докторите. Што значи ова?rn

Според истражувачите, пациентите со женски доктор имаат помала шанса за смрт!

rn(1) Науката покажува дека имате помали шанси за смрт ако ве лекува жена докторrnrnНаучниците испитале 1,5 милиони 30-дневни хоспитализации на постари пациенти во период од 2011 до 2014 година. За време на овој период, пациентите третирани од докторки имале пониска смртна стапка од оние што биле со доктори (11,07 и 11,49 проценти).rn

И покрај тоа што процентот помеѓу групите на пациенти изгледа незначајно, бројот на животи што тој го опфаќа е многу значаен

rn(2) Науката покажува дека имате помали шанси за смрт ако ве лекува жена докторrnrnСпоред авторите на студијата, околу 32.000 пациенти не би починале доколку докторите го постигнуваат истиот успех при лекување како докторките (на годишно ниво). Зошто се случува ова? Претходни студии откриле дека жените доктори почесто ги следат клиничките упатства, нудат превентивна грижа и им препорачуваат психолошко советување на своите пациенти.rnrnНо, сепак е потребно повеќе истражување за да се детерминираат специфичните разлики. Авторите на студијата велат дека разбирањето на овие разлики во квалитетот на лекувањето може да доведе до вредни откритија што ќе го подобрат квалитетот на лекувањето за сите пациенти, без разлика кој ги лекува.rn

Имајќи го ова на ум, докторките низ светот сè уште се помалку платени од докторите

rn(3) Науката покажува дека имате помали шанси за смрт ако ве лекува жена докторrnrnТие исто така имаат и помали шанси за напредување во својата кариера, за разлика од мажите. Се надеваме дека овие резултати ќе инспирираат промена во медицинскиот свет, како во однос на ценењето на жените, така и во успехот при лекувањето на пациентите.rn

Докторки, не се откажувајте!

rn(4) Науката покажува дека имате помали шанси за смрт ако ве лекува жена докторrnrnКако што докторите пишале во своето истражување:rn

„Овие откритија дека жените интернисти овозможуваат поквалитетна грижа за хоспитализираните пациентите, а сепак се помалку промовирани, поддржани и платени од своите мажи колеги во академското окружување треба доведе до создавање системи што промовираат еднаквост во сите фази на станувањето доктор – од почетоците на факултетските клупи, советувањата за кариерата, до добивањето на титулата доктор.“

rnМожеби би сакале да прочитате и како осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите?