rn
5. Најдобра ужина е гранолата
rnОмилената ужина на луѓето кои се хранат здраво е комбинација од печен овес, јаткасти плодови и мед, а ова ја прави гранолата една од најхранливите ужини. Но со цел да се намали бројот на калории во продуктот, во гранолата често има многу вештачки шеќери. Токму тие можат да го зголемат вашиот апетит и да ве натераат да изедете повеќе отколку што треба.rn
6. Маслиновото масло е подобро од сончогледовото бидејќи го забрзува метаболизмот
rnЕкспертите сметаат дека сите масла од семки се здрави само ако се консумираат во ограничено количество, односно не повеќе од 30 грама дневно. Маслата содржат незаситени масни киселини што ја подобруваат преработката на холестеролот, а ова ги спречува болестите на кардиоваскуларниот систем.rn
7. Шеќерот од шеќерна трска е здрав
rnОвој шеќер навистина има многу корисни микроелементи, но во мало количество. Главната предност на шеќерот од шеќерната трска е тоа што може да се консумира нерафиниран. Овој продукт предизвикува многу дебати помеѓу нутриционистите бидејќи има 97% сахароза и има речиси 387 калории во 100 грама.rn
8. Тестенините и компирите ѝ штетат на формата на вашето тело
rnКомпирите содржат калиум, магнезиум и железо. Сепак постојат некои нешта што треба да ги земете предвид. 100 грама печен компир има 80 калории, додека 100 грама помфрит има 317 калории. Покрај тоа ако додавате каков било сос, бројот на калории дополнително се зголемува.
Ситуацијата со тестенините е поразлична. Во 100 грама фиде има околу 114 калории, додека во 100 грама тестенини од тврда пченица има 230 калории. Но овие тестенини имаат многу корисни хранливи материи и влакна и имаат помалку скроб и масти, додека обичните тестенини имаат само празни калории.rn
9. Палминото масло е штетно
rnОна што ги тера сите да веруваат во овој мит е големото количество палмитинска киселина, само затоа што оваа киселина го зголемува количеството на „лошиот холестерол“. Но ова масло содржи и олеинска киселина што ја намалува потенцијалната штета. Па, палминото масло нема влијание на метаболизмот или холестеролот. Главниот проблем е тоа што производителите често додаваат евтино палмино масло наместо поскапи состојки и ги мамат нивните купувачи.
Прочитајте ги и овие митови за здравата храна.

