Секој маж е различен и го привлекуваат различни работи кај жената. Но, вообичаено, ова се најчестите особини кои мажите ги бараат кај жените.rnrn
rn
Самодоверба
rnМажите сакаат нивните жени да бидат самоуверени; некој кој без страв влегува во соба полна со луѓе и воспоставува контакт со очите е многу привлечна личност.rn
Добра смисла за хумор
rnНикој не сака да биде со некој кој е секогаш сериозен. Мажите сакаат жена која се смее на нивните шеги, која знае да се шегува и ужива да се смее. Не сакаат некој кој е песимист и секогаш има негативно мислење за сè и не знае да ужива. Жените кои се весели и позитивни повеќе им се допаѓаат на сите, не само на мажите.rn
Независност
rnНезависноста е привлечна особина за повеќето мажи – им се допаѓаат жени кои имаат свој живот. Иако мажите уживаат во женското внимание, оние жени чиј живот се врти исклучиво околу нивните мажи ќе бидат нападни. На мажите им треба внимание и грижа, но во исто време им е потребен простор само за нив.rn
Разбирање
rnМажите сакаат жена која ги разбира. Таа треба да го прифати мажот таков каков што е (и обратно). Покрај тоа, иако спротивностите можат да привлечат, мажот сака жената да ги почитува неговите верувања и по можност да сака исти или слични работи како него.rn
Искреност и лојалност
rnСекако дека мажот сака жена која нема да лаже и која ќе му биде лојална. Најчестите особини што мажите ги бараат кај жените се верноста и доверливоста. Сакаат некој кој ќе биде на нивна страна без разлика на сè.rn
Зрелост
rnМажите генерално сакаат жени кои се однесуваат зрело и соодветно на возраста.rn
Грижа
rnМажите дефинитивно сакаат жени кои се грижат за нив и кои вложуваат мали напори да ја покажат својата грижа.rn
Поддршка
rnМажите бараат жени кои ги поддржуваат, особено кога се заинтересирани за долготрајна врска. За маж кој, на пример, сè уште „се бори со кариерата“, поддршката од партнерката му е многу важна. Му треба некој што ќе го слуша, без да го исмева или омаловажува. Некој кој ќе му дава објективен совет и во чие друштво ќе се чувствува добро и полн со самодоверба.rnrnОткако прочитавте за женските особини кои најмногу ги привлекуваат мажите, можеби ќе сакате да ги прочитате и 3-те причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваат.rnrnИзвор: atma.hr
