Ниту еден човек не си го цени детството додека не порасне. Сите сме ги земале здраво за готово слободата и безгрижноста што сме ги имале како деца. Сигурно одвај сте чекале да станете возрасни и самите да можете да одлучувате и да правите што сакате без да барате нечија дозвола. Но, сега кога конечно сте влегле во светот на возрасните сфаќате дека работите не се такви какви што сте ги замислувале. Детството е еден волшебен период во кој сите сакаме да се вратиме поради следниве 6 причини…rnrn
rn
1. Секогаш сте имале подготвена ужина за на училиште
rnСега нема кој да ви ги подготвува ручеците за на работа или факултет. Вашите родители морале да станат од спиење барем два часа порано пред да одат на работа за да ви подготват појадок и да ви ја спакуваат ужината за на училиште. Вие сигурно не сте ни го забележувале тоа, па дури и сте се жалеле што пак ви направиле ист сендвич како од пред неколку дена. Но, сега сте свесни и благодарни за сѐ што вашите родители правеле кога сте биле деца.rn
2. Сте станувале рано наутро и не сте се чувствувале уморни
rnДецата стануваат во 7 часот секое утро и изгледаат како одлично да се наспале претходната вечер. Ние, возрасните одвај можеме да се разбудиме пред 9 часот наутро. Сигурно ви недостасува периодот кога сте можеле да се разбудите без никаков проблем и без да чувствувате потреба од огромна шолја кафе за да функционирате како нормално човечко суштество.rn
3. Искрено сте верувале дека сите ваши соништа ќе се остварат
rnПостојано сте сонувале со отворени очи и сте се прашувале каков ќе ви биде животот кога ќе пораснете. Но, иако сега сте возрасни, вие сѐ уште не знаете што ќе правите во животот. Тоа е многу страшно! Сигурно посакувате да се вратите во детството кога сѐ било поедноставно и кога не сте морале да се грижите околу тоа како ќе ги платите сметките следниот месец.rnrn
rn
4. Лесно сте стекнувале нови пријатели
rnМногу полесно е да се стекнат пријатели во детството. Сите си играат заедно на игралиштето без оглед на возраста, без никакви предрасуди и стереотипи. Денес, доколку сакате да му пријдете некому на улица и да се спријателите, сигурно ќе ве смета за лудаци.rn
5. Сте читале за лично задоволство
rnКога ќе почнете со факултет, немате толку време за читање книги по личен избор бидејќи имате еден куп учебници и скрипти со по илјада страници што треба да ги прочитате за една недела. По дипломирањето, повторно не можете да одвоите време за читање бидејќи работата ви одзема една третина од целиот ден. Сигурно ви недостасува периодот кога можевте да читате книга само за да уживате во содржината.rn
6. Не сте морале да правите планови за викенд
rnДецата не мора да прават планови и да организираат настани. Некој друг одлучува наместо нив. Во детството не сте се грижеле за семејните собири и за тоа како ќе го поминете викендот. Сега мора да се договарате со пријателите неколку недели однапред за да отидете на едно обично кафе, бидејќи сите се неверојатно зафатени.rnrnНа сите ни недостасува детството и периодот кога сѐ било многу едноставно. Тешко е да се биде возрасен и убаво би било кога би можеле да побегнеме од тоа одвреме-навреме. Но, сега не ни преостанува ништо друго освен да се сеќаваме на тоа време со насмевка на лицето и да се обидеме да ги научиме нашите деца дека никогаш не треба да го земаат здраво за готово најубавиот период од животот.rnrnДоколку веќе ве обзема носталгија, погледнете ги и овие работи од детството кои никогаш нема да се заборават.