Понекогаш, особено кога станува збор за долга врска, таа знае да стане монотона и по малку досадна. Со тек на време сè помалку и помалку се чувствува магијата помеѓу момчето и девојката, па се случува да заборавиме што е тоа што воопшто и нè привлекува кај другата личност. Тогаш, сѐ што е потребно за повторно да ја вратите хемијата меѓу вас е да се потсетите што е тоа што навистина го сакате кај партнерот и што него го привлекло кај вас. Следниве неколку идеи ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Прегрнувајте го партнерот минимум 3 пати во еден ден
rnЕдна прегратка значи многу, а замислете кога би биле три? И тоа чисто и целосно само бидејќи сакате да го прегрнете партнерот. Прегратката покажува не само љубов, туку и дава чувство на заштита, сигурност, приврзаност, интимност. Не се плашете да ја дадете ниту да ја побарате.rnrn
rn
2. Наместо да префрлате, побарајте убаво
rnБи било убаво може да ве одведе многу подалеку и многу побрзо од ти никогаш, ти вака, ти така. Зошто тогаш да не се обидете со тоа? Убаво и полека, кога најмалку очекува, спомнете му на партнерот што би ви се допаѓало тој да направи или заедно да направите. Само на тој начин и со желба да ве усреќи, партнерот ќе го направи тоа што сте го побарале и тоа многу побрзо отколку што очекувате. Не за џабе се вели дека убавиот збор и железни врати отвора.rn
3. Секој ден направете нешто убаво за партнерот
rnНаместо да терате инает за нешто, попуштете. Подарете му/ѝ бакнеж кога не го очекува тоа. Згответе го неговото/нејзиното омилено јадење. Ова ќе покаже многу повеќе одошто некогаш ќе кажат зборовите. Ќе покаже дека се грижите, дека сакате личноста која ја сакате да биде среќна и задоволна, ќе покажете колку многу го/ја сакате. Мало, слатко задоволство кое ќе биде позитивно и за двајцата.rn
4. Изненадувајте го партнерот со убава порака, секој ден
rnНо не ја праќајте по мобилен телефон. Напишете ја на што и да ви се најде при рака и ставете ја на место каде што кога партнерот ќе ја најде, навистина ќе се изненади и израдува. Напишете нешто убаво, можеби некоја љубовна порака или позитивна мисла за убав ден и ставете ја меѓу неговите работи. Тоа ќе го потсети на вас и ќе му влијае позитивно цел ден.rn
5. Иницирајте водење љубов
rnСе сеќавате на почетокот на врската кога не ви беа потребни ни причина ни соодветно место да водите љубов со партнерот? Можеби околностите се сменети, но овие услови не ви се потребни ни сега. На под, на маса, на кревет. Местото и времето не се воопшто важни. Важни сте вие. Ова особено ќе има ефект кога не сте вие личноста која вообичаено иницира секс.rnrn
rn
6. Повторете го тоа што нему/нејзе му/ѝ смета
rnКога се карате, важно е да покажете дека разбирате и согледувате што му смета на партнерот. Затоа, наместо веднаш да почнете да напаѓате, откако партнерот ќе заврши со искажување на својот став, повторете ги работите кои кажал дека му сметаат. Така ќе му дадете до знаење дека не зборувал напразно и дека навистина ви влегло во глава тоа што го кажал. Потоа изложете го својот став и тоа што вас не ви се допаѓа, односно она кое би сакале да се промени. И сето ова на убав начин и полека.rn
7. Денот заокружете го со чаша вино и убав разговор
rnОпуштена атмосфера, тивка музика, чаша вино и вие. Што ли ви е уште потребно? И ова нека ви прејде во навика – секој ден пред да си легнете да си дадете момент да здивнете и да ги споделите случувањата од тој ден и вашите чувства со вашиот партнер. Така ќе се чувствувате поблиски со секој ден, ќе си олесните себеси, ќе добиете второ мислење и некој совет. Сѐ на сѐ, денот ќе ви заврши убаво, каков и да бил претходно.rn
8. Испланирајте некоја забавна активност за време на викендот
rnМоже да е изненадување, а може и да е планирано заедно со партнерот. Важно е дека ќе се забавувате и ќе се смеете и ќе си поминете фантастично. Забавата во врската е многу важна, а штом таа станала монотона, тоа значи дека забава во врската нема и мора веднаш да ја вратите назад. Повикајте ги и пријателите и поминете си убаво.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
