Широки панталони, удобна јакна, патики… Зарем има нешто поубаво и полежерно од спортскиот стил? Доколку сте подготвени да ја прикажете и оваа ваша страна, погледнете ги неколкуте предлози, што ќе ви помогнат да го направите тоа на најуспешен начин.rnrn
rn
1. Мешањето стилови е најважно
rnПред да преминеме на конкретните предлози, мора да напоменеме дека најважното нешто за спортскиот стил е мешањето стилови, односно спортски парчиња облека со шик, женствени и елегантни додатоци. А еве кои се спортските парчиња облека кои се совршена подлога за постигнување на посакуваниот ефект.rn
Спортска јакна
rn
rnrnНајлесен начин за постигнување на спортско-елегантниот изглед е спортската јакна. Добар избор би биле женските јакни од Најк или Адидас. Лесно се комбинираат и одлично би се вклопиле со шорцеви, здолниште, фустанче или секако, фармерки.rn
Лежерни панталони или шорцеви
rn
rnrnСекоја лежерна варијанта на панталони или шорцеви е одличен избор за постигнување на овој изглед. Може да ги комбинирате со палто во строги линии и тесни топ маички.rn
Спортски фустан
rn
rnrnЗарем постои девојка која не сака фустан? За фустанот навистина да може да се вклопи во спортскиот стил, потрудете се да биде поедноставен и не премногу елегантен. На пример, може да одберете фустан, налик на спортски дрес, кој со штикли ќе изгледа навистина интересно.rn
Патики
rn
rnrnПатиките се неизбежен дел. На пример, убави тренерки, спортско палто и кратка прилепена маица би биле супер комбинација. Секако комбинациите со кратки сукњички или жешки пантолончиња се тотално секси со патики.rn
2. Соодветни модни додатоци
rnКога станува збор за спортско-елегантниот стил, во никој случај не смеете да ставите златни обетки или чанта со строги линии. Следниве модни додатоци би биле најдобриот избор.rnrn
rn
Ранец
rnРанецот секогаш е добра опција. Не само што изгледа симпатично и удобно, туку и внатре имате доволно простор за сите неопходни работи.rn
Платнена чанта на едно рамо
rnПлатнената чанта на едно рамо е уште една добра опција. Најдобро е да одберете некоја еднобојна и поедноставна, наместо шарена и со многу детали.rn
Бејзбол капа
rnБејзбол капата е најдобар начин за постигнување на спортскиот изглед пред сѐ. Ги има во огромен број форми и дезени, така што нема да ви биде тешко да го направите вистинскиот избор.rn
3. Едноставна фризура
rnЕдна од најдобрите работи за овој стил е тоа што не бара комплицирани фризури. Правилото кое важи за косата е: колку поедноставно, толку подобро. Пунџичка, високо опавче, високо странично опавче, опавчиња со плетенки, совршено би се вклопиле во ваквиот изглед.rnrn
rn
4. Минимална шминка
rnЗарем би отишле во вежбалница со тон шминка на вас? Секако дека не! Нека шминката ви биде минимална. На очите не ставајте ништо, освен малку маскара. Светла нијанса на кармин или сјај и малку руменило би било сосема доволно за овој стил на облекување.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
