Мозочниот удар настанува како последица на оштетени крвни садови во мозокот кои се распрснуваат или блокираат и предизвикуваат недостаток на кислород во мозокот. Оваа состојба може да доведе до оштетување на мозокот, па дури и до смртен исход. Пушењето, дебелината и претходните случаи со мозочен удар во семејството се главни фактори на ризик. Но, неколку неодамнешни истражувања откриле други изненадувачки работи кои можат да го зголемат ризикот. Прочитајте во продолжение!rnrn
rnrn
Консумирање диетални пијалаци
rnНеодамнешно истражување спроведено во Америка на повеќе од 80.000 жени, во период подолг од десет години, покажало врска помеѓу вештачки засладените пијалаци и зголемениот ризик од мозочен удар. Научниците истакнуваат дека резултатите можат да се однесуваат само на жени кои поминале низ менопауза, а истражувањето не може со сигурност да ги прогласи диеталните пијалаци за виновници. Но, сепак најубаво е целосно да ги исфрлите од вашата исхрана.rn
Грип
rnЕдна студија спроведена на Универзитетот Колумбија покажала дека во првите неколку недели по појавата на симптомите на грип, ризикот од мозочен удар расте приближно за 40%. Исто така, друго истражување спроведено во Шкотска покажало дека ризикот од мозочен удар е поголем после заболување од респираторен вирус.rnrnЗатоа, обрнете внимание на симптомите како што се потешкотиите со одење, говорење, проблемите со вид и другите знаци кои го се појавуваат пред мозочниот удар. Некои научници забележале дека ризикот може да биде зголемен и до една година од поминување на грипот.rn
Прекувремена работа
rnИстражување од 2015 година, објавено во списанието Лансет покажало дека луѓето кои работат повеќе од 55 часа неделно имаат 33% поголем ризик од мозочен удар од оние кои работат стандардни 40 часа.rnrnДруго големо истражување спроведено во Данска покажало дека луѓето кои подолг период се изложени на стрес имаат речиси двапати поголем ризик од мозочен удар со фатални последици за разлика од оние кои не се под стрес.rn
Дрога
rnИлегалните супстанци како кокаин или метамфетамин се поврзуваат со мозочниот удар дури и кај младите, здрави луѓе.rnrnИстражување објавено во Журналот за форензични науки открило дека во 279 случаи на мозочен удар со фатални последици, на возрасни што биле помлади од 45 години, околу 20% се поврзани со консумирање на метамфетамин или кокаин.rn
Мигрена со аура
rnАурата е невролошки симптом кој најчесто е проследен со мигрена во облик на визуелно нарушување. Едно истражување од 2016 година покажало дека кај луѓето кои боледуваат од мигрена со аура, ризикот од исхемичен мозочен удар е двапати поголем отколку кај луѓето кои боледуваат од мигрена без аура.rn
„Ако боледувате од мигрена со аура, замолете го вашиот лекар да ги процени факторите на ризик за мозочен удар“, советуваат експертите.
rn
Гласна бука
rnБританската срцева фондација предупредува на потенцијалните ризици од живеењето или работењето во подрачје со многу бука. Нема многу истражувања за поврзаноста помеѓу мозочниот удар и силната бука, но нивните резултати се загрижувачки.rnrnИстражување од 2015 година, објавено во журналот Европско срце покажало дека зголемената прометна бука е поврзана со зголемен ризик од мозочен удар кај луѓето што живеат во близина на многу фреквентни места.rn
Крвавење на непцата
rnЛуѓето со болни непца имаат двапати поголем ризик од мозочен удар или други сериозни кардиоваскуларни болести. Многу експерти се сомневаат дека постоењето на бактерија во усната празнина што предизвикува воспалителен процес, може да создаде дополнителен ризик.rn
Хроничните воспаленија во телото предизвикуваат многу здравствени проблеми вклучувајќи го и стврднувањето на артериите кои можат да го зголемат ризикот од мозочен удар.
rnСигнални болести на непцата вклучуваат крвавење, потечени, црвени или осетливи непца, лош здив или кафеави наслаги на рабовите на непцата.rn
Претерано консумирање на алкохол
rnДруго истражување спроведено во 2016 година покажало дека пиењето од 6 до 9 коктели во текот на едно ноќно излегување, го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар за 30% наредниот ден.rnrnОд друга страна пак, умереното консумирање алкохол , односно еден пијалак за жените и најмногу два за мажите, може да помогне при одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.rnrnДоколку имате некоја од овие лоши навики или ви се случува нешто од горенаведеното тоа не значи дека ќе доживеете мозочен удар. Добро е да ги знаете ризиците кои доведуваат до негово појавување за да можете да го превенирате.rnrnНемојте никогаш самите да си ставате дијагнози, секогаш консултирајте се со вашиот лекар за промените кои ги забележувате кај себе.rnrnОткриете кои се навиките што го оштетуваат мозокот и го уништуваат помнењето.