10 навики што го оштетуваат мозокот и го уништуваат помнењето

Сподели

Нашиот мозок страда од многуте нездрави навики кои често ги сметаме за безопасни. За жал, повеќето луѓе предоцна сфаќаат и ги воочуваат нивните грешки. Доколку се грижите за вашиот мозок и сакате да го зачувате неговото здравје, обидете се да се слободите од следниве навики.nnn

1. Не појадувате

Многу луѓе го прескокнуваат појадокот. Некои бидејќи сакаат да ослабат, а други бидејќи едноставно немаат време. Постојат и луѓе кои воопшто не можат да јадат наутро. Но кога го правите ова, скратувате многу од потребните хранливи материи за мозокот.n

Реклама

2. Се прејадувате

Прејадувањето ги оштетува артериите на мозокот и срцето. Имате слушнато за мозочен удар? Ова е навистина лошо искуство, а честото прејадување понекогаш може да биде причина.n

3. Пушите

Сите знаат дека пушењето е штетно. Но дали знаевте дека со секоја цигара, го зголемувате ризикот од болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата?n

Реклама

4. Консумирате многу шеќер

Покрај дијабетесот, шеќерот го спречува апсорбирањето на протеините и хранливите материи, со тоа предизвикувајќи деформација на мозокот.n

5. Дишете загаден воздух

Знаеме дека загадениот воздух е надвор од наша контрола, но важно е да ја имате оваа информација. Големите градови најчесто се многу загадени, а ова може да предизвика недостаток од кислород во мозокот.n

6. Недостаток од сон

Многу луѓе имаат лоша навика и не спијат доволно. Не заборавајте дека сонот е неопходен за да се одморите и за да се чувствувате подобро.n

7. Спиете со покриена глава

Можеби вам ви звучи чудно, но некои луѓе сакаат да спијат со покриена глава. Проблемот со оваа навика е тоа што се намалува снабдувањето на мозокот со кислород, што пак предизвикува оштетување.n

8. Работите кога сте болни

Оваа навика е навистина опасна. Доколку работите кога ви е ослабен имунитетот, вашиот мозок чувствува голем товар. Неопходно е да му дозволите на вашето тело да се одмори, вклучувајќи го и мозокот, за да можете побрзо да оздравете.n

9. Не размислувате

Размислувањето е главната задача на мозокот. Доколку поголемиот дел од времето го минувате бесполезно, навистина му штетите на мозокот. Па затоа читајте, гледајте, решавајте проблеми, бидете креативни и учете нешто ново.n

10. Не зборувате

Комуникацијата е најдобриот начин да го стимулирате мозокот. Обидете се секој ден да разговаравте со некого. Изолирањето од светот нема да ви помогне да доживеете нови искуства, а мозокот може да атрофира.nnДознајте и како храната влијае на вашиот мозок.

Најново

Може ќе ве интересира