Менструалниот циклус е природен дел од животот на жената кој се појавува во годините кога таа почнува да созрева, и трае до средината на животот. Жените се справуваат со него сосема во ред, но има жени кои не знаат што треба, а што не треба да прават за време на нивниот циклус. Погледнете ги 8-те најголеми грешки кои жените ги прават во овој период од месецот.rn
1. Држење диети
rn
rnrnМногу жени се чувствуваат подуено кога го добиваат нивниот циклус, па тие почнуваат со ригорозни диети околу овој период. Во тие денови на вашето тело му се потребни повеќе витамини и минерали за енергија, па затоа држењето диети не е добра идеја.rn
2. Брза храна
rn
rnrnОд друга страна пак, некои жени имаат потреба од благо, солено или од двете. Оваа храна е преполна со натриум, па затоа избегнувајте ја. Брзата храна само ќе ви ја влоши подуеноста.rn
3. Не користат заштита кога имаат сексуален однос
rn
rnrnОва е една од најлошите грешки. Во овој период од месецот вашата вагина е многу поподложна на бактерии, па затоа не заборавајте ја заштитата.rn
4. Неправилно спиење
rn
rnrnНа жените им е потребно повеќе спиење во овој период, но многу често тие не се одмараат доволно. Потрудете се да се наспиете барем 8 часа во текот на ноќта.rn
5. Претерано работење
rn
rnrnНекои жени искусуваат наплив на енергија за време на нивниот циклус. Важно е да одржувате рамнотежа помеѓу работата, вежбањето и одморот.rn
6. Претерано вежбање
rn
rnrnНекои жени се обидуваат да вежбаат повеќе за време на циклусот. Многу е важно да ја направите вашата рутина за вежбање според вашиот менструален циклус.rn
7. Не внимаваат на внесувањето железо
rn
rnrnЗа време на циклусот вие губите железо. Важно е да јадете храна богата со железо за да ја надополните оваа загуба.rn
8. Строги се кон себе
rn
rnrnОвие денови носат многу променливи емоции – од среќа до тага, па и енергичност. Немојте да бидете строги кон себе во овој период. Оваа промена на емоции е природен дел од месечниот циклус. Само прифатете ги промените и продолжете натаму.rnrnПрочитајте ги и овие совети за нега на кожата за време на менструалниот циклус.