Уникатно кафе во цврст облик за оние кои сакаат да експериментираатrnrnВи се случило ли некогаш да сакате да примите уште една доза кофеин во денот за да се освежите, но не ви се пие кафе бидејќи сте премногу гладни или премногу најадени? Ако одговорот е да, тогаш ова е дефинитивно вистинскиот кафе-рецепт за вас.
Потребни состојки:rn
- rn011
- 120 мл ладна вода
- 415 мл штотуку сварено еспресо (8 супени лажици кафе и 470 ml вода)
- 415 мл засладено кондензирано млеко
- 80 грама желатин
- 3 супени лажици Калуа или друг ликер од кафе
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка:rnrnНајпрво подгответе го кафето во машина за еспресо. Потоа во еден голем сад сипете ја водата.
Истресете ги кесичките со желатин во водата и мешајте за да се изедначат состојките.
Треба одма да почне да се згуснува.
Оставете го да постои 10 минути, за да стане меко и еластично како гума.
Додадете го топлото сварено еспресо во желатинот.
Со мешалка за јајца убаво промешајте за да се изедначи желатинот со кафето.
Додадете го засладеното кондензирано млеко и нежно мешајте за да се соедини со желето.
Во смесата додадете Kahlua или некој друг ваш омилен ликер кој оди со кафе како на пример Amaretto, Frangelico и др.
Промешајте нежно за да не ви се направат премногу меурчиња.
Подготвената смеса сипете ја во стаклена тава. Тавата нема потреба претходно да ја мастите или обложувате со хартија бидејќи желето не се лепи за стакло.
Ставете ја тавата во замрзнувач и оставете ја внатре неколку часа, додека смесата не се стегне убаво. Доколку забележите дека се створиле многу меурчиња на површината, ставете го садот 20 минути во фрижидер за да се одмрзне малку и потоа отстранете го горниот слој со лажица.
Кога вашето опијането желе од кафе ќе биде подготвено, треба да изгледа вака.
Исечете го на коцки или дадете му уникатен облик со некое интересно калапче и послужете го во хартиички за колачиња.
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
