Природата убаво изгледа, убаво мириса и убаво е да се биде таму. Ако ви требаат дополнителни причини да поминете неколку дена во зеленило, размислете за овие неколку.rnrn
rn
Авантура сама по себе
rnИзлегување од дома и престојување во средина на која не сте навикнати претставува излегување од вашата зона на комфорот. Убавата природа и предизвиците со кои таа ќе ве натера да се справувате го прават кампувањето авантура сама по себе. Сето тоа искуство, едноставно, е возбудливо.rn
Се поврзувате со природата
rnИако бетонот и асфалтот прават многу работи во животот да ни бидат поедноставни, ние луѓето сѐ уште сме дел од природата. Оттаму доаѓа и она убаво чувство додека чекорите по зелена трева, ги мирисате цвеќињата или се бањате во морето. Приготвувањето на храната во природа или спиењето на тревата и будењето со изгрејсонцето можат да ви го дадат истото тоа чувство. Освен тоа, природата е добар учител и може да ве научи неколку добри лекции за животот.rnrn
rn
Одмор преку исклучување од останатиот свет
rnКвалитетен одмор е оној којшто ќе ви овозможи да отидете далеку од проблемите кои ве оптоваруваат, да ги наполните батериите и да се вратите посилни против сите предизвици. Поминувањето време во природа значи неможност за читање на мејлови, логирање на социјалните мрежи, па можеби и неможност да се воспостави телефонски повик. Останувањето подалеку од нив ќе ви овозможи да се опуштите и да не размислувате за нив. Па дури и ако не можете, а да не мислите на проблемите, барем ќе имате можност да ги разгледате од дистанца додека земате оддишка од нив.rn
Поквалитетно време со другите
rnСитуацијата во која неколку луѓе седат заедно загледани во своите технолошки направи не се случува за време на кампувањето. За да се помине убаво сите мора да се потпрат едни на други, на темите на кои можат да разговараат, на работите за кои знаат да се шегуваат и на песните кои знаат да ги свират и пеат. Квалитетно поминатото време со другите е последица на самиот престој во природата. Тоа ќе ви дозволи да уживате во оние мали нешта кои ги носи непосредната комуникација.rnrn
rn
Извонредна забава за децата
rnМожете да поминете доста квалитетно време и со вашите деца. Тие го обожуваат времето поминато во зеленило. Сакаат да трчаат наоколу, да ги истражуваат цвеќињата, да им се радуваат на пеперутките, да рибарат и да шлапкаат во поточињата. Тие имаат и многу бенефити од престојот во природа.rn
Изгрејсонца, зајдисонца и ѕвездени ноќи
rnИзгрејсонцата, зајдисонцата и ѕвездените неба стереотипно се поврзуваат за романтичарите, но дури и да не се пронаоѓате на оваа група, нормално е да ве воодушевуваат. Секое утро, секоја квечерина и секоја ноќ природата приредува спектакл на небото. Штета е да не се ужива во тоа, а кампингот ќе ве одведе многу поблиску до нив отколку што тоа го може градот.rnrn
rn
Вештини кои влеваат самодоверба
rnВештините како палење оган или поставување шатор нема да ви требаат во градот и нема да ви дадат самодоверба кога ќе се справувате со тамошните проблеми. Сепак, кампувањето може да ви даде доверба во сопствените квалитети со тоа што сте биле некаде на отворено, сте ги задоволиле сите свои потреби и задоволни сте се вратиле дома. Ќе совладате нови вештини, со нив ќе ја надмудрите природата и предизвиците кои таа ги поставува. Ќе добиете чувство дека можете да се справите со што било, дека ако можевте да преживеете неколку ноќи во природа, можете да преживеете било каде.rn
Евтина можност за одмор
rnНа крај, сите овие работи ги добивате за малку пари. Купувањето на опрема за кампување е еднократна инвестиција, а не мора да купите сѐ и сешто и работи кои најверојатно нема да ви требаат. Храна можете да купите од супермаркет и да потрошите исто толку како да сте останале дома. Тешко е да се поверува дека постои поевтин начин на одмор.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.