КАФЕ ПАУЗА

10 причини да одите со семејството во природа

10 причини да одите со семејството во природа

Патописецот Дејвид Милер ја обожува природата, која му е едно од омилените места за поминување време со своето семејство. Покрај вообичаеното релаксирање и зближување, тој забележал дека постојат уште неколку придобивки од времето во кое уживаат во природата.10 причини да одите со семејството во природаrnrn

Ја буди имагинацијата кај децата

rnДецата, како и ние, се постојано затворени во определен круг: дома, училиште, маалото… круг кој ним им е добро познат. Добро им се познати и правилата по кои функционира овој нивен свет. rnrnПрошетката во природа им овозможува да осознаат нешто поинакво. Почнуваат да се интересираат од каде доаѓа реката, што има под каменот, какви животни живеат во шумата… Се соочуваат со непознатото и се буди нивната имагинација: замислуваат како изгледа местото ноќе, како изгледа дното на езерото или како се хранат животните. Што и да ги интересира, самото присуство во природата измешано со детската љубопитност ги тера да истражуваат.rn
rn

Им дозволува на децата да бидат инвентивни

rnМожноста за интеракција со природата на децата им овозможува да го искористат сиот свој потенцијал за игра и за какви било активности во неа. Компјутерот и книгите можат добро да се искористат во едукативни цели, но тие не можат да ја распламтат имагинацијата и инвентивноста кај нив како неколку часа поминати надвор.10 причини да одите со семејството во природаrnrn

Природата ве прави рамноправни со децата

rnВо секојдневието точно се знае каква е улогата на децата, а каква на родителите. Во сите случаи децата се оние кои се подредени, кои треба да слушаат, но Милер смета дека кога децата и родителите се сами во дивината тоа ја менува групната динамика, така што децата почнуваат да го ценат тоа што улогата во прошетката не им е подредена и покажуваат поголема одговорност.rn
rn

Овозможува да се потроши енергијата на здрав начин

rnИстражувањето на шумата или трчањето по ридовите и ливадите овозможува да се потроши негативната енергија на многу здрав начин. Кога ќе почувствувате дека сите дома стануваат напнати, организирајте активности во природа.rn
rn

Игрите надвор носат здравствени придобивки

rnВо ера кога прекумерната тежина кај децата е растечки проблем, добро е да се знае дека барем еден час активности надвор во текот на денот носи големи здравствени придобивки. Исто така, истражувањата покажуваат дека недостатокот на квалитетно време надвор во текот на детството носи емоционални проблеми во возрасното доба.10 причини да одите со семејството во природаrnrn

Учи на емпатија, сочувство и поврзаност

rnЧувството на поврзаност со природата ги учи луѓето на поврзаност, емпатија и на заедништво. Средбата со природата на детето му дава свест дека потекнува од некаде. Како што водата доаѓа од некаде, а отпадните води од овде одат некаде на друго место, така и луѓето доаѓаат од некаде и се поврзани со остатокот од светот.rn
rn

Учи дека крајот не е секогаш предвидлив

rnВо дигиталниот свет сè е предвидливо. Детето игра видеоигра и точно знае што треба да направи за да стигне до следното ниво. Гледаме некакво ТВ шоу и точно знаеме што можеме да очекуваме и кога ќе заврши. Природата не игра по овие правила. Таа секогаш е непредвидлива, постојано се менува и си живее според сопствено темпо. Соочувањето со неа секогаш укажува на тоа дека работите треба добро да се опсервираат и да се биде трпелив.rn
rn

Учи за тркалото на животот

rnСредбата со мртви животни или поставувањето прашања за менувањето на годишните времиња на децата може да им даде многу информации за тоа како тече животот и за концептот на животот и смртта. Ќе дознаат дека и тие се дел од природата и не треба да се плашат од неа, туку да ја почитуваат.10 причини да одите со семејството во природаrn

Може да се научат многу нови вештини

rnМоже да се научи како да се запали оган, како да се најде чиста вода за пиење или храна, да се изгради преноќиште. Но покрај овие вештини, Дејвид Милер особено го цени тоа што може да се научат и некои основни работи како на пример за изгревањето на месечината итн, кои него го направиле повеќе свесен за своето место во природата.rn
rn

Може да спаси живот

rnПред сè сопствениот живот. Ако некој се чувствува поврзан со природата, го знае своето место во неа и ја почитува, ќе знае како да се однесува во ситуации кои можат да бидат опасни по животот.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.