КАФЕ ПАУЗА

Полчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!

Полчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!

Брзиот живот остава многу малку време за попладневен одмор. Сепак, одвојувањето половина час време за дремка не само што е пожелно, туку е и многу корисно според експертите.rnrnПолчасовната дремка во текот на денот нуди бројни придобивки!rnrnНово истражување покажало дека 30 минутната дремка може да ги подобри расположението, меморијата и концентрацијата до четири часа откако ќе се разбудите. Со други зборови, можете само да си натетите доколку намерно ги пропуштате можностите за дремнување со оглед на тоа дека нуди бројни придобивки.rnrnСпоред студијата спроведена од страна на Националниот универзитет во Сингапур, дури и кратките дремки можат да ја намалат поспаноста и да го подобрат расположението.rnrnНо, само половина час има моќ да ја подобри меморијата, а со тоа и процесот на примање нови информации и нивна обработка.rnИстражувањето било спроведено врз 32 лица кои морале да дремнуваат секој втор ден по 10, 30 и 60 минути.rnrnРасположението, субјективната поспаност и когнитивното влијание биле мерени во интервали од 5, 30, 60 и 240 минути по будењето за да се споредат долгорочните придобивки од различното времетраење на дремката.rnrnСпоред д-р Рут Лонг, научен соработник на Медицинскиот факултет Јонг Лу Лин, иако многумина ги знаат придобивките од дремнувањето, сепак секојдневниот стрес и притисокот за навремено да се завршат работните обврски значи откажување од дремката во текот на работниот ден. Сепак, дремката од 30 минути покажала најдобар резултат во однос на брзото обновување на енергијата.rnrnОткако прочитавте за придобивките од полчасовната дремка во текот на денот, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин попладневната дремка го елиминира стресот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs