КАФЕ ПАУЗА

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

10 лекции за животот на кои нѐ учи природата

Written by

in

,

Патеписецот Дејвид Милер е раководител на веб-проектот Nature Valley, кој има за цел да ни ја доближи природата и да ни покаже дека таа позади секој агол крие авантура и нѐ прави подобри. Тој самиот има поминато многу време во природа и често пишува за тоа. Веќе ви пренесовме зошто тој смета дека треба често да ги носите децата во природа, а сега ви пренесуваме и десет лекции за животот кои тој ги научил од природата.rn

Животот се состои од циклуси

rnВо природата не постојат прави линии. Постојат планини и долини, постојат реки кои имаат тек кој ги води малку напред, малку назад. Во животот постојат циклуси, така што понекогаш чувствувате дека се качувате на стрмна планина, а некогаш дека јавате на голем бран. Во каква фаза и да се наоѓате, тоа кога-тогаш ќе се смени. Тоа е природно.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Ние сме создадени да работиме

rnВо моментите кога се чувствувате мрзливо и седите пред компјутерот, имајте на ум и дека вашето тело може секој ден да испешачи или истрча по неколку километри или да биде активно на друг начин. Во природата сѐ е во постојано движење. Дури и животните кои спијат зимски сон се активни на начин што собираат енергија за кога ќе се разбудат. Природата е во постојано движење и постојано работи.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Колку повеќе се трудиме, толку сме посилни

rnМетузалемот е дрво кое на прв поглед делува деформирано и речиси мртво, а живее во суровите услови на Карпестите планини во Северна Америка. Сепак, доживува старост и до 5.000 години, затоа што се приспособило на условите и се труди да опстои во таа околина.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Неприродниот стрес го уништува животот

rnХемикалиите кои се наоѓаат во водата и во почвата загадуваат и уништуваат сѐ околу себе, вклучувајќи ја и храната. Загадувањето уништува, без разлика дали се работи за загадена река или за загадени крвни садови поради неприродна и нездрава исхрана.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Природата има способност за заздравување

rnШтом загадувањето на една област престане, природата веднаш започнува со регенерација. Тревата повторно расте, дрвјата повторно раззеленуваат, а и животните се враќаат во своите поранешни живеалишта. Исто е и со човековото тело. Престанете да се храните нездраво, започнете да вежбате и да практикувате здрав режим на исхрана, и вашето тело ќе почне да се регенерира и да се враќа во својата природна состојба.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Комуникацијата е важна

rnСите живи суштества во природата се во постојана комуникација. Без оглед на тоа дали примаат информации како сончевата светлина или температурата, или пак испраќаат информации преку звуци или мириси, сите единки во природата комуницираат меѓу себе затоа што тоа им е неопходно. Само луѓето успеваат понекогаш да се изолираат благодарение на современите алатки за комуникација или пак работата.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Создавање на нова патека е потешко отколку одење по веќе изгазена

rn„Ако некогаш сте поминале време на снег, било тоа да е пешачење или крос-кантри скијање, сигурно сте свесни дека создавање на нова патека секогаш е потешко од одење по веќе изгазена,“ вели Дејвид. „Постои позната метафора во врска со изборите што ги правиме во животот. Оригиналноста секогаш носи сомнеж, недоверба и тешкотии. Луѓето се плашат и не веруваат во она што не го виделе, слушнале, прочитале или искусиле порано. Само продолжете напред.“rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Природата секогаш има прогресивен пристап

rnМалите рипчиња живеат во плитки води, а кога малку ќе пораснат веќе можат да пливаат и во подлабоко. Ова правило на природата може да се аплицира и на животот. Било да се работи за пливање, цртање, свирење музички инструмент или совладување на говорнички способности, не можете вештината да ја совладате наеднаш. Потребно е трпение затоа што природата има прогресивен пристап.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Природата е вечна

rn„Кругот на животот навистина постои. Кога ќе станете родител и кога еден ден одново ќе ги истражувате шумите со вашето дете, ќе го почувствувате она необично двојство на емоции, како во исто време сте во улога на учител и заштитник, а чувствувате како воопшто да не поминало време откако вие како дете сте ги истражувале шумите. Природата е најдобриот стабилизатор. Таа може времето да го стави во круг,“ вели Дејвид.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природатаrn

Сѐ е природа

rnПриродата не е само она нешто што е таму некаде надвор од градот каде што е зелено. Природата не е само во дивината, туку насекаде околу нас, почнувајќи од храната, преку материјалите од кои е изграден домот, музиката инспирирана од неа… Таа се пројавува постојано во најразлични форми.rnrn10 лекции за животот на кои нѐ учи природата