КАФЕ ПАУЗА

8 деструктивни навики поради кои денешните млади се напнати, анксиозни и непродуктивни

8 деструктивни навики поради кои денешните млади се напнати, анксиозни и непродуктивни

Written by

in

,

Научно докажано е дека денешните млади доживуваат големи стресови со кои не знаат како да се справат. Освен тоа, младината денес е многу поанксиозна од претходните генерации. Анксиозноста не само што му штети на нашето здравје, туку и ја саботира нашата продуктивност. Сите знаеме дека постојат голем број извори на анксиозност како што се недостатокот на работни места, долговите, криза на идентитетот и преголем избор. Дури и нашиот секојдневен начин на однесување може да предизвика анксиозност. Ова се 8-те најчести навики што го зголемуваат стресот и го загрозуваат потенцијалот на младите…rnrn8 деструктивни навики поради кои денешните млади се напнати, анксиозни и непродуктивниrn

1. Лоши навики за спиење

rnГлавниот причинител на анксиозноста е неквалитетниот сон. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, открило дека недостатокот на сон ги активира мозочните делови кои придонесуваат за прекумерна загриженост. Најчестите причини за ова се заспивањето во различни периоди од денот, недоволно спиење и поминување премногу време на телефон или лаптоп пред спиење.rnrnШто треба да направите? За да се справите со анксиозноста, најдобро е да си направите долга и здодевна рутина пред спиење, без употреба на технологија. Можете да пишувате дневник за да ги запишете вашите мисли што ве држат будни и да вежбате во текот на денот за да се изморите физички.rn

2. Прескокнување оброци

rnРедовната исхрана не само што регулира вашиот метаболизам и нивоа на инсулин, туку и вашата психичка стабилност. Ако чекате премногу долго за да јадете или го прескокнувате појадокот, тоа може да доведе до нестабилни нивоа на шеќер во крвта што предизвикува симптоми на анксиозност како што се треперење, вртоглавица, збунетост и потешкотии во говорот. Дехидратацијата има сличен ефект. Со оглед на тоа што храната и водата се основни биолошки потреби, природно е тоа анксиозноста се јавува како последица на гладот и жедта.rnrnШто треба да направите? Јадете редовно. Секогаш имајте си со себе здрава ужина како што се оревестите плодови. Носете си шише вода на работа и пијте во текот на целиот ден. Пијте чаша вода веднаш по будењето и пред да легнете да спиете.rn

3. Пиење кафе

rnКафето ни помага да останеме будни и да бидеме попродуктивни кога се работи за лесни и краткотрајни задачи. Но, кафето може да предизвика нервоза, особено ако веќе имате предиспозиции за анксиозност. Чувствителноста на кофеин е зголемена кај луѓето кои имаат панични напади. Освен тоа, кафето е диуретик што значи дека може да доведе до дехидратација и да предизвика анксиозност.rnrnШто треба да направите? Обидете се да ја намалите количината на кафе што секојдневно ја внесувате на една шолја кафе, безкофеинско кафе или црн чај. Ако се чувствувате посмирени по неколку недели поминати без кафе, пробајте целосно да се откажете од него.rnrn8 деструктивни навики поради кои денешните млади се напнати, анксиозни и непродуктивниrn

4. Седење

rnСимптомите на анксиозност се поврзани со седечкиот начин на живот. Неодамна, истражувачите откриле дека ризикот од анксиозност е поголем доколку поминувате подолго време во седење.rnrnШто треба да направите? Ако работите на биро, во канцеларија по цели денови, не грижете се! Станете и движете се наоколу на секои 90 минути. Надоместете за времето поминато во седење со тоа што редовно ќе вежбате, а сите знаеме дека физичките активности го намалуваат ризикот од појава на анксиозност и депресија.rn

5. Користење телефон

rnДокажано е дека студентите поминуваат околу 9 часа на телефон секој ден. Секако дека технологијата може да ни го подобри животот на многу начини, но прекумерното користење може да предизвика анксиозност. Зрачењето од екраните го надразнуваат централниот нервен систем, што може да доведе до анксиозност. Социјалните мрежи се исто така поврзани со лошото расположение и депресијата.rnrnШто треба да направите? Нареден пат кога ќе чекате или нема да имате што да правите, оставете го телефонот во џеб или во чанта. Не го користете како средство за ослободување од досадата и наместо тоа, употребувајте го совесно и само за корисни работи.rn

6. Постојано работење

rnДенешните млади стануваат нервозни кога работата ќе почне да им го нарушува приватниот живот. Но, неурамнотеженоста помеѓу работата и приватноста е наш сопствен избор. Младината денес мисли дека продуктивноста не се мери со бројот на часови поминати на работното место, туку со резултатите од работата. Дури и тогаш кога ќе ја напуштиме канцеларијата, сѐ уште сме на работа.rnrnШто треба да направите? Можете да бидете амбициозни, да работите со часови и да ги импресионирате вашите шефови без да го жртвувате вашето психичко и физичко здравје. Треба да одредите точно време навечер кога конечно ќе престанете со секаков вид работа. Кога ќе ви помине времето за работа, обележете ја задачата како завршена и погрижете се за себе.rnrn8 деструктивни навики поради кои денешните млади се напнати, анксиозни и непродуктивниrn

7. Маратонско гледање серии и излежување

rnМожеби мислите дека ќе се опуштите ако легнете на каучот и гледате филм, но истражувањата го докажуваат спротивното. Учесниците во едно истражување биле подепресивни и анксиозни откако поминале два часа во гледање телевизија, за разлика од другите. Друго истражување докажало дека луѓето кои страдаат од анксиозност и депресија поминуваат многу време пред компјутер и телевизор. Иако одморањето ја намалува анксиозноста, науката докажува дека ефектот е краткотраен и не е толку значителен колку оној од вежбањето, на пример.rnrnШто треба да направите? Откако ќе завршите со работа, правете што било само немојте да гледате телевизија. Отидете на прошетка, испијте кафе со пријателите, цртајте, пишувајте, седете во соба и гледајте во ѕид, јавете се на вашите родители, згответе нешто, спортувајте…rn

8. Дружење со анксиозни луѓе

rnМожеби ќе мислите дека сте нашле човек кој ве разбира и на кому можете да се доверите, но истражувањата покажале дека разговорите за анксиозност можат само да ја влошат вашата ситуација. Колку повеќе време поминувате со анксиозни луѓе, толку повеќе ќе се зголемува вашата анксиозност.rnrnШто треба да направите? Најдете луѓе кои ќе ви го подигнат расположението. По дружењето со некого, запрашајте се дали се чувствувате смирено и позитивно или нервозно и напнато. Многу лесно ќе го скратите времето што го поминувате со одредени луѓе откако ќе сфатите дека тие имаат лошо влијание на вашето здравје.rnrnАнксиозноста може да доведе до срцеви заболувања, мигрени, хронични проблеми со респираторниот систем и дигестивни нарушувања. Токму затоа, обидете се да се ослободите од овие штетни секојдневни навики и веднаш ќе забележите значително подобрување на вашето расположение и животен квалитет.rnrnДали сте знаеле дека знаци на депресија и анксиозност можат да се забележат уште кај новороденчињата?