Ако сакате да останете фит и да се ослободите од вишокот килограми, неопходно е да ги замените нездравите грицки со здрави ужинки. Без разлика на тоа дали сте дома, на работа, факултет или во град, не посегнувајте по чипсот или чоколадото, туку каснете нешто здраво.rnrn
rnrnКвалитетниот избор на намирници ќе ви овозможи големо количество енергија. Овие седум „грицки“ секогаш нека ви бидат при рака.rn
1. Бадеми и урми
rnМешавината од бадеми и урми е една од наједноставните ужини, која можете да ја носите во вашата чанта или да ја чувате на бирото. Бадемите ќе ви дадат доволно протеини и здрави масти, а урмите ќе ви ја задоволат потребата за шеќер. Иако се многу здрави, овие намирници имаат доста калории, па затоа не претерувајте.rn
2. Овесни снегулки
rnОвој појадок богат со витамини може да ги задоволи потребите на организмот и во попладневните часови. За уште поздрав оброк, додајте малку цимет и дробени ореви.rn
3. Туна
rnАко немате време за планирање на оброците и ужините секој ден, секогаш имајте спремна залиха на конзерви со туна. На овој начин секогаш ќе имате готов оброк, богат со омега 3 масни киселини, протеини и здрави масти.rn
4. Зеленчук и хумус
rnЗеленчукот со сигурност е најздравиот избор за грицкање, а хумусот ќе ви послужи како одличен зачин и извор на протеини. Одберете брокула, карфиол или морков, бидејќи тие имаат најмалку калории.rn
5. Смокви и темна чоколада
rnВи се јаде нешто слатко? Комбинацијата од смокви и чоколадо сигурно ќе ви ја задоволи потребата. Смоквите се полни со железо, антиоксиданси и калиум, а што се однесува до чоколадата, секогаш бирајте ја онаа што има најмалку 70% какао во својот состав.rn
6. Грчки јогурт и зрнесто овошје
rnГрчкиот јогурт содржи многу протеини, а за подобар вкус додајте зрнесто овошје по избор. Најдобар избор се малините, бидејќи имаат најмногу влакна.rn
7. Смуди
rnСвежото смуди е одлична ужина. Ваквиот напиток најдобро е да се припреми наутро, а потоа цел ден можете да го чувате во фрижидер и постојано да пиете.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.