Дали некогаш сте се запрашале каков е процесот на подготовка на фотографиите коишто ги прават професионалните фотографи, пред тие да бидат објавени пред очите на јавноста? Кои се чекорите коишто треба да се преземат пред да се добие финалниот, задоволувачки резултат? Не е сè така лесно, а бразилскиот фотограф Гилмар Силва решил да го докаже тоа, со неговите „пред и потоа“ фотографии коишто ги објавил на Интернет.rnrn
rnrnПред извесен период, овој професионален фотограф за семејства и свадби започнал брилијантна сериja фотографии, т.н. „LUGARxPHOTO“ (место и фотографија) коишто ја прикажуваат реалната сцена на којашто тој ги прави фотографиите, пред таа да биде сосема изменета и дотерана во Фотошоп.rnrn
rnrnПрвите фотографии од левата страна ја прикажуваат „работната околина“ на фотографот, а вторите од десно го разоткриваат финалниот резултат, поради кој нема да можете да им поверувате на очите.rnrnЦелта на овој проект е да се прикаже пред пошироката јавност големата улогата на Фотошоп во професионалната фотографија, но и да се анализираат вистинските агли и техники коишто се применуваат за да се уловат совршените фотографии. Погледнете со свои очи и уверете се сами во неверојатната разлика.rnrn
rnrnФотографиите продолжуваат на втората страница…rn
Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии
