7 тајни за изгледот на најубавата жена во Европа кои лесно можете да ги вклучите во вашата рутина

Сподели

Елизабет од Баварија, попозната под прекарот Сиси, била сопруга на царот Франц Јозеф и владетелка на Австрија. Таа живеела од 1837 до 1898 година, а била нарекувана најубавата жена во Европа во овој период. Царицата Сиси била позната по својот тенок струк чиј опсег изнесувал 48 сантиметри. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи на менито на оваа европска убавица се наоѓале мали количини храна и нискокалорични намирници како белка од јајце, а само понекогаш си дозволувала слатки залаци во вид на шербет од јагоди.

Реклама

rn

1. Ја миела косата со есенција од јајце и коњак

rnЦарицата Сиси имала коса долга до глуждовите, што било нејзината најголема гордост и радост. Иако била толку долга и тешка што ѝ предизвикувала главоболки, не сакала да ја потстрижува. На секои 14 дена слугите ѝ ја миеле косата со комбинација од јајца и коњак, што поради должината на влакната знаело да трае цел ден.rn

2. Се бањала со маслиново масло

rnСекоја вечер се бањала во топла вода која била збогатена со маслиново масло за да ја одржи својата кожа мека и мазна. Маслиновото масло содржи витамини А и Е кои благотворно делуваат на најголемиот човечки орган.rn

3. Го миела лицето со оцет од темјанушки

rnЗа да ја заштити кожата на лицето од црвенило и воспаленија, таа редовно го миела со ружина вода или со онаа од лаванда. Во посебни прилики користела оцет од темјанушки кој се изработувал од свежо набрани цветови од темјанушки, јаболков оцет и дестилирана вода.rn

4. Го мачкала лицето со крем од ружа

rnЛегендата вели дека Сиси никогаш не излегувала во дворецот без да ја хидрира кожата. Обично го мачкала лицето со крем кој го изработувале нејзините слуги. Еве го рецептот: Дваесетина пупки од роза се варат во малку дестилирана вода, а потоа се додаваат ланолин и несолен путер. Овој крем треба да се чува на ладно место.

rn

5. Спиела со телешко месо на лицето

rnЦарицата понекогаш спиела со парче телешко месо на лицето, кое го стабилизирала со кожна маска. Црвеното месо има антиинфламаторен ефект, додека кератинот дејствува како маска против стареење. Овој третман ѝ подарил свеж и младешки изглед.rn

6. Користела маска од изматени белки од јајце

rnОмилената маска за лице на царицата Сиси се состоела од 60 милилитри ружина вода, 30 милилитри млеко, 15 милилитри сок од грозје, 5 капки есенцијално масло од темјан и две изматени белки од јајце. Ја нанесувала на лицето пред спиење, а наутро ја измивала.rn

7. На лицето нанесувала крем од полжави

rnВо своите бјути рутини била доста напредна, па користела крем за лице на база на полжави чиј благотворен ефект за кожата им е познат и на славните дами во денешниот свет. Нејзиниот крем се состоел од маст, корен од слез и иситнети полжави. Го држела на лицето по четири часа.

Дознајте нешто повеќе за приказната на тажната принцеза Елизабет од Баварија.

Популарно

Може ќе ве интересира