Започнува Урбан Фест – Два дена музика, повеќе од 25 македонски артисти и бесплатен влез

Сподели

На „Вембли“ во Градски парк, љубителите на домашната музика ќе имаат можност да уживаат во настапите на најактуелните македонски изведувачи на единствениот радиски фестивал на отворено во земјава

Реклама

По повод роденденот на Урбан ФМ радио и крајот на учебната година, денеска започнува второто издание на Урбан Фест – единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија.

На локацијата „Вембли“ во Градски парк, публиката ќе има можност да ужива во богата музичка програма со настапи на повеќе од 25 домашни артисти, меѓу кои Лара, Теа, Тони Зен, Пајак, Таско, Полина, Сара Мејс, Два Бона, Шаро, Фико и други добро познати имиња од македонската музичка сцена, како и во содржини наменети за најмладите посетители.

Фестивалската програма започнува денеска во 19:30 часот со настап на учесниците од проектот „Музичка фабрика“, кои ќе ја отворат фестивалската атмосфера со свој музички перформанс. Во текот на двете фестивалски вечери посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна музичка програма и настапи на најактуелните домашни изведувачи.

Со богата програма составена исклучиво од домашни музички имиња, Урбан Фест уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон промоцијата и поддршката на македонската музика, артистите, авторите и новите таленти. Фестивалот ќе ги обедини различните генерации изведувачи и ќе ја афирмира креативноста што се создава на домашната сцена. 

Во време кога поддршката на локалната музичка продукција е особено важна, Урбан Фест испраќа јасна порака за вредноста на македонското музичко творештво и неговото место во културниот живот на земјата. Истовремено, фестивалот е можност публиката да ужива во најдоброто од домашната музичка сцена и да даде поддршка на музиката што се создава во Македонија.

За повеќе информации и целосната програма, посетителите можат да ги следат официјалните канали на Урбан ФМ.

Популарно

Може ќе ве интересира