Освен за животните кои се наоѓаат во зоолошките градини и имаат соодветна грижа, потребна е грижа и за домашните миленици и останатите животни. Во овие услови редовно работат ветеринарните станици, но се препорачува да бидат ограничени контактите со луѓето бидејќи тоа е клучно за забавување на ширењето на коронавирусот.rnrn
rnrnНа граѓаните кои имаат контакт со животни, им се советува да користат заштитни ракавици и средства за дезинфекција. Со оглед на тоа што им се случило на домашните миленици во земји кои се погодени од пандемијата на новиот вирус, свесни за моменталната состојба во земјата, им нудиме неколку совети на граѓаните за грижа за нивните домашни миленици:rn
1. Не се откажувајте од вашето домашно милениче
rnКучињата и мачките не го пренесуваат вирусот COVID – 19. Затоа, напуштањето на вашето милениче од страв дека ќе ви пренесе вирус, не е разумно.rn
2. Снабдете му храна за следните 2 недели
rnКако што размислувате за набавка на храна за себе, размислете и за набавка на храна за миленичето. Нема да има недостиг на храна во продавниците, но доколку не сакате непотребно да влегувате во контакт со повеќе луѓе, чувајте неколку лименки и сува храна за вашето домашно милениче. Набавете и сè друго што му е потребно како: средство за заштита од паразити и крлежи, но исто така и кеси за измет.rn
3. Информирајте се за тоа која продавница за храна за миленичиња врши испорака до дома
rnКога немате храна и други резерви за миленичињата, нарачајте ги потребните нешта преку телефон или преку Интернет со испорака до вашиот дом.rn
4. Проверете ја здравствената состојба на вашето домашно милениче
rnДоколку треба да го однесете миленичето на ветеринарен преглед или треба да се вакцинира, не одложувајте го тоа. Исконтактирајте го ветеринарот и закажете термин преку телефон, наместо да чекате во чекална.rn
5. При прошетка на кучето, следете ги упатствата на надлежните институции
rnДоколку кратко го прошетате во паркот, избегнувајте да бидете премногу блиски со другите луѓе. Потребно е растојание од неколку метри, за ваша заштита и заштита на другите луѓе.rn
6. Понудете им помош на постарите сограѓани за прошетките на нивните кучиња
rnНабавка на храна и лекови не е единствениот начин на кој можете да им помогнете на постарите граѓани. За некои, драгоцена помош ќе им биде и прошетката на кучето. Со доброто дело ќе го подобрите вашето здравје. Прошетката е многу здрава физичка активност.rn
7. Вдомете куче или мачка
rnПериодот додека владее коронавирусот запомнете го по вклучување на нов член со четири нозе во вашиот дом. Тоа ќе ви го намали стресот и ќе ви биде одлично друштво за време на долгиот престој дома. Доколку сте од оние кои работат од дома, тогаш периодот е идеален за запознавање. Работењето од дома е добро за вас, но и за кучето или мачката што ќе го згрижите.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 4-те причини зошто паровите кои се грижат за куче се посреќни?