КАФЕ ПАУЗА

Пловечки собирач на отпад ќе го чисти островот од ѓубре во Тихиот Океан

Пловечки собирач на отпад ќе го чисти островот од ѓубре во Тихиот Океан

Загадувањето на водата е еден од најсериозните предизвици со кои е соочено човештвото. Со цел да се реши овој проблем ќе бидат потребни многу креативни решенија. Луѓето од целиот свет се свесни за проблемот и работат напорно за да развијат свои идеи кои ќе помогнат во отстранувањето на отпадот од океаните и водите во светот.rnrnПловечки собирач на отпад ќе го чисти островот од ѓубре во Тихиот ОкеанrnrnЕдно од најинтересните, и можеби најветувачките решенија постои од 2013-та година и му припаѓа на тогаш 19-годишниот Бојан Слат. Денес Бојан има 23 години и основал компанија за оваа цел наречена Ocean Clean Up Project. Планот е во развој многу години. Првично се очекувало да се реализира до 2016-та година, но бета тестирањата во океанот започнуваат следниот месец.rn

„Ова дефинитивно беа возбудливи 5 години со тестирања и истражувања и сега конечно можеме да го лансираме и тестираме првиот систем“, изјавил Бојан.

rnИзумот на Бојан се состои од мрежа пловечки платформи кои можат да бидат поставени на разни острови од ѓубре низ светот. Користејќи ја силата на природата, систем за собирање на ѓубрето ќе се шири околу островите со ѓубре. Пластиката ќе биде присилена да се движи кон платформите каде што ќе биде одделена од помалите форми, како планктони, и ќе биде складирана за рециклирање. Бидејќи ќе се користат мрежи, самото чистење ќе биде безбедно за морскиот свет.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=O1EAeNdTFHUrnrnБез сомнение загадувањето со пластика е сериозен проблем кој го бара вниманието на луѓето. Според едно истражување, до 2050-та година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби. Денес секоја минута се фрла по еден камион пластичен отпад во океаните.rnrnОваа вознемирувачка реалност стана уште полоша со откритието на уште еден пластичен остров кој е поголем од Мексико. Островот плови низ јужниот дел од Тихиот Океан. Откриен е од капетанот Чарлс Мур кој го забележал островот во северниот дел од океанот во 1997-ма година.rnrnЕфектите од ова загадување можат да се видат на многуте фотографии и видеа на кои се прикажани морски суштества заробени или убиени од пластиката. Во едно видео е прикажано како од носот на желка отстрануваат цела цевка за пиење. Во друго видео е прикажано како неколку луѓе отстрануваат пластична кеса од главата на кит. Секоја година умираат околу 1 милион морски птици поради консумирањето пластичен отпад, а над 90% од сите живи суштества имаат пластика во нивните стомаци.rnrnПогледнете како вие да го намалите загадувањето на водата.