Само оние кои имаат кучиња знаат каков благослов во животот може да биде присуството на вакво милениче во нивните животи. Додека некои сметаат дека грижата за куче е само дополнителна обврска, науката вели дека партнерската грижа за животното може да ве научи на непроценливи лекции во животот и да ја зацврсти вашата врска.rnrnНавистина е возбудливо сознанието дека кучињата освен што нè прават посреќни, имаат и позитивен ефект врз другите аспекти од нашите животи, па затоа ги споделуваме со вас останатите детали за грижата за кучиња.rn
1. Учите како подобро да се справувате со стресот
rn
rnrnПаровите кои заеднички се грижат за куче, учат како полесно да се справат со стресните ситуации. Тоа е она што го покажува една студија, спроведена од Универзитетот во Бафало. Преку нивните откритија се тврди дека паровите кои поседуваат куче, подобро реагираат при стресни ситуации отколку паровите кои немаат куче.rnrnИстражувачите работеле со 100 парови, од кои 50 поседувале кучиња и 50 не поседувале. Резултатите од следењето на отчукувањето на срцето и крвниот притисок направени за време на стресни ситуации, покажале дека крвниот притисок на паровите кои биле сопственици на кучиња бил понизок отколку кај паровите без кучиња.rn
2. Ги подобрувате вашите вештини за родителство
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnДа се грижите за куче со партнерот значи да споделувате заедничка одговорност за нешто многу важно. Вашата меѓусебна љубов и вложениот труд околу грижата за вашето кученце ќе ве научи на првите чекори во родителството.rnrnХранењето на вашето куче, чистење по него и други различни дневни задачи ќе ги активираат вашите родителски инстинкти и ќе ги всадат вештините на одговорност. Дури и кога сте имале прилично лош ден, сепак ќе одвоите време за шетање, хранење и чешлање на вашето кученце. Покрај тоа, ќе ги подобрите вашите комуникациски вештини и ќе научите како да правите компромиси.rn
3. Го подобрувате вашето здравје
rn
rnrnНишто не е поздраво од добрата прошетка во паркот. Студиите покажуваат дека новите сопственици на кучиња драстично ги зголемуваат своите рекреативни прошетки во текот на првите 10 месеци од кога се грижат за милениче, а тоа влијае на нивното здравје на многу позитивен начин.rnrnИ не само што вежбањето со вашето куче е здраво, туку помага и во вашата врска. Рекреативното трчање или пешачење со вашето кученце партнерот е здраво и забавно, а времето поминато со здрави активности го подобрува вашиот квалитет на живот во целина.rn
4. Споделувањето на одговорноста ќе направи да се чувствувате поблиски
rn
rnrnВистина е дека грижата за куче бара голема жртва и од вас и од вашиот партнер, но за возврат споделувањето на одговорностите ќе ја зацврсти вашата врска.rnrnГрижата за куче заедно со вашиот партнер ќе ви покаже точно колкава одговорност можете да прифатите. Сите дополнителни, заеднички обврски што доаѓаат со прифаќањето и грижата за куче ќе направат меѓусебно да ги откриете вашите карактери. Значи, тоа е добитна комбинација.rnrnМожеби сакате да прочитате и што открива положбата на спиење на вашето милениче за неговата ментална состојба?