КАФЕ ПАУЗА

7 ситуации во кои може да ве спаси и обичен аспирин

Дали сте знаеле дека аспиринот може да се користи и за многу други состојби освен болката? Овој лек, што можете да го купите и без рецепт во која било аптека, има неколку неверојатни својства што многумина од вас не можат ни да ги замислат. Ова се 7-те алтернативни начини за користење на аспиринот што секому ќе му дојдат добро…rnrn7 ситуации во кои може да ве спаси и обичен аспиринrn

1. Помага во борбата со мозолчињата

rnБлагодарение на својствата што благотворно дејствуваат против воспаленија, аспиринот ги намалува мозолчињата и ја смирува кожата. Потребни се 2-3 таблети, што не се обложени, измешани со лимонов сок. Нанесете ја смесата на мозолчињата, оставете да делува една минута и потоа измијте. Оваа комбинација не треба да се користи пред излегување на сонце.rn

2. Го отстранува чешањето што настанува по гризнување од инсект

rnАспиринот ќе ви помогне да го намалите отокот и неподносливото чешање по гризнување од комарец. Растопете една таблета необложен аспирин во вода, така што ќе добиете паста. Нанесете ја на местото на убодот и држете неколку минути.rn

3. Ги суши порите на лицето

rnАспиринот го нормализира лачењето на потните жлезди, па на тој начин ги намалува и порите, а кожата станува сјајна и мазна. За да го добиете овој ефект, потребна ви е маска од следниве состојки:rn

    rn011

  • 7 необложени таблети од аспирин
  • rn011

  • 3 лажици природен јогурт или павлака
  • rn011

  • 1 лажица мед
  • rn

rnНанесете ја маската на чисто лице, оставете ја да делува 3-5 минути, а потоа измијте со вода.rn

4. Го отстранува првутот

rnПрвутот не само што изгледа лошо, туку создава непријатност поради чешање. Справете се со него така што ќе скршите две таблети аспирин со количина шампон што ви е доволна за едно миење коса.rn

5. Ја заздравува оштетената коса

rnАспиринот дури и за косата може да биде од корист. Тој ја прави, мека, сјајна и помага да се задржи бојата по бојадисувањето. Во 230 милилитри вода растворете аспирин и потоа нанесете го на измиена коса. Оставете да делува 15 минути, а потоа измијте.rn

6. Ги отстранува дамките од пот на алиштата

rnАспиринот може да го продолжи траењето на облеката што сте ја сметале за уништена од дамки од пот. Едноставно измешајте една таблета аспирин со топла вода, нанесете ја на дамката и оставете да делува преку ноќ. Потоа исперете стандардно и уживајте во резултатот.rn

7. Ги зајакнува ноктите

rnВо 200 милилитри вода растворете 2 таблети аспирин, капсула витамин А, 1 лажица морска сол и малку растително масло. Спуштете ги рацете во водата и држете ги потопени 10-тина минути, а потоа избришете ги со хартиена крпа.rnrn*Ве советуваме да се консултирате со својот лекар или дерматолог пред да почнете да ги применувате овие совети.rnrnПогледнете ја и оваа маска од аспирин: Решение за проблемите на лицето!