Доколку сте креативни, имагинативни и со вашата гардероба и аксесоари сакате да се издвојувате од останатите, тогаш ви претставуваме идеја вашата стара чанта да ја украсите со декупаж мотиви. Вака дизајнираната чанта не само што ќе биде уникатна, туку и ќе го воодушеви секој што ќе ја види.rnrn
rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Стара чанта
- Памучна ткаенина со мотиви по желба
- Леплива трака
- Лепило за декупаж
- Пластични садови
- Четки
- Ножици
- Боја
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЧекор 1: Со леплива трака залепете ги сите ќошеви и каиши на чантата, а потоа ставете ја бојата во пластичен сад.rnrn
rnrnЧекор 2: Нанесете ја бојата на чантата со помош на четка. Почекајте првиот слој да се исуши, па нанесете уште еден, а најмногу два слоја.rnrn
rnrnЧекор 3: Додека бојата се суши, внимателно исечете ги цветовите од ткаенината. Наредете ги по сопствена желба на обоениот дел од чантата.rnrn
rnrnЧекор 4: Залепете ги со лепило за декупаж, а потоа нанесете уште еден слој од лепилото преку залепените цветови. Откако ќе се исуши лепилото, отстранете ја лепливата трака што ја нанесовте на почетокот. Вашата уникатна, шик и модерна чанта е готова!rnrn
