Автор: Маја Миноска
Машко-женската комуникација е константно скокотлива тема. Навидум ние девојките сме секогаш оние кои не се разбрани, толкувачи на секој збор, непредвидливи со надеж дека баш тој треба да ги предвиди нашите замисли. За разлика од нас, момците често ни наликуваат како воопшто да не се трудат да нè одгатнат, едноставно како сè да стопира кај „Не те разбирам“.
Пред да избувнете, земете ги предвид овие совети.rn
1. Тој само сака таа да е среќна
rnКога тој е заљубен и девојката е центар на неговиот универзум, тој сака таа да е среќна. Не е толку сложено. Во сериозните зрели врски, двете страни знаат дека самите се одговорни за нивната среќа. Само затоа што ја сака и сака да биде среќна, не може тој да се обвини кога таа нема да се чувствува така.rn
2. Кога таа е несреќна тој тоа го сфаќа премногу лично
rnМомците генерално поинаку го процесираат она што го споделуваме и може погрешно да го разберат она што ние сме го мислеле. Претераното споделување и разговарање за нејзината несреќна состојба, може да го наведе на размислување дека не е доволно добар за неа, не се труди доволно, дека не е соодветен за неа, или да дојде до заклучок дека таа едноставно е девојка на која е тешко да ѝ се угоди и да ја задоволи.
rn
3. Тој не може да ѝ биде најдобар пријател баш во сè
rnВажно е и таа да има свои пријатели и пријателки со кои ќе биде на иста бранова должина и кои ќе ја разбираат. Секогаш е потребен некој друг со кого ќе разговара за него.rn
4. Не е видовит
rnСамо затоа што сте во долга врска не значи дека не треба да го фалите партнерот, да му давате комплименти, да ги признавате неговите успеси, па дури и повремено да му ласкате. Таа мисли дека тој ја познава и дека тој знае сè што таа мисли. Не, не знае.
rn
5. Го слуша тонот на нејзиниот глас
rnНе е сè во тоа што се кажува, туку и во начинот на којшто се кажува. Доколку момчето е поаудитивно од неа, тој може да биде почувствителен на тонот на нејзиниот глас отколку на нејзиниот избор на зборови. Оттука, таа нема да разбере зошто тој секогаш реагира на негативен и екстремен начин.rn
6. Неговиот стил на комуницирање е веројатно различен од нејзиниот
rnЕфективната комуникација не подразбира повеќе комуникација, туку зборување на начин на кој може да нè разбере партнерот, вклучувајќи и адаптација на комуникацискиот стил или метод. На пример, употреба на куси реченици, пократки дијалози, земање предвид на говорот на телото, допирање при соопштување на некакви новости, одбирање на времето кога тој е поопуштен и подготвен за комуникација наместо наметнување на некоја сериозна тема од нигде-никаде итн.
rn
7. Тој сака да зборува за секс
rnМожеби тој нема доволно искуство кога треба да се разговара на темата секс. Но, сексот е само уште една комуникациска тема на која сме многу осетливи, а не би требало да е така. Сите комуникациски вештини и знаења што ги поседуваме важат и кога сексот е тема на разговор. Тонот и намерата зад зборовите се поважни од употребата на правилна анатомска терминологија.

