Желбата да џвакате мраз или да јадете нешто солено цело време може да биде знак на некаков проблем или на недостаток на минерали и витамини. Затоа секогаш треба да обрнувате внимание на сите нови навики, особено ако тие се појават одеднаш. Вашето тело се обидува да ви ги каже овие работи со надеж дека ќе ви помогне да живеете долг и среќен живот.rn
1. Чувство дека нешто ви лази по нозете
rn
rnrnАко имате чудно чувство во нозете како ползење, чешање, пецкање или нагон за движење, тоа може да биде симптом на синдромот на немирни нозе. Ова нарушување е долгорочно и честопати ја чувствувате оваа непријатност во текот на ноќта кога се обидувате да се одморите.rn
2. Задебелување на кожата
rn
rnrnНе ги игнорирајте и не ги потценувајте проблемите со кожата. Кога кожата станува задебелена и ве чеша, тоа може да биде знак на еден куп внатрешни проблеми во организмот како хормонално нарушување, егзема или алергии. Може да направите неколку тестови на крвта за да проверите дали постои овој проблем или ако мислите дека се влошува.rn
3. Промена на ракописот, губење на чувството за мирис и интензивни соништа
rn
rnrnСекој веројатно има слушнато за Паркинсоновата болест, но многумина не ги знаат нејзините симптоми. Треперењето, бавното движење, неквалитетниот сон, кошмарите и промените во говорот и во пишувањето може да бидат знаци на оваа болест.rn
4. Лутина и агресивно однесување
rn
rnrnНападите на бес не мора секогаш да бидат резултат на вашиот карактер. Некои научници велат дека тоа би можело да биде поврзано со депресијата. Според нив, депресијата не се манифестира само со тага и недостаток на енергија – може да имате и агресивно однесување.rn
5. Премногу спиете
rn
rnrnОва нарушување се нарекува хиперсомнија и може да потекнува од работи што докажуваат дека не станува збор само за замор. Некои автоимуни заболувања може да предизвикаат потреба да спиете каде било. Исто така, пиењето алкохолни пијалоци пред спиење може да предизвика ваков ефект.rn
6. Промени на бојата на очите
rn
rnrnАко имате бел или сив прстен околу рожницата на очите, тоа може да биде знак на висок холестерол кај лица под 45 години. Прстенот е безопасен и има само визуелен ефект.rn
7. Желба за солено
rn
rnrnВо ред е да сакате солена храна, но кога веќе не можете да ја контролирате желбата и солената храна станува единственото нешто што го сакате, време е да се запрашате зошто. Тоа може да биде поради недостаток на железо, поради анемија, поради дехидратација или предменструален синдром.rn
8. Заборавање, замор и ниско либидо
rn
rnrnПонекогаш ги мешате овие симптоми со депресија затоа што изгледате премногу уморно и немате енергија да ги запомните работите. Лекарите сметаат дека е подобро да не се игнорира таквата состојба затоа што може да укажува на проблем со тироидната жлезда во организмот. Исто така, може да се здебелите и постојано да ви биде ладно.rn
9. Секогаш чувствувате жед
rn
rnrnНе е нормално да бидете жедни цело време. Постојат некои случаи кога жедта може да се поврзе со храната што ја јадете, па проверете дали јадете премногу зачинета или солена храна. Постојаната жед може да биде знак на дијабетес или на бременост.rn
10. Сакате да џвакате мраз
rn
rnrnЖелбата да грицкате мраз може лесно да се објасни и може да биде многу повеќе од обична навика. Причината за оваа желба може да бидат недостатокот на железо или анемија. Можеби ќе сакате да направите некои тестови на крвта за да проверите дали ќе треба да започнете со земање додатоци во исхраната.rnrnПрочитајте кои рани симптоми може да ви помогнат во откривањето на 10 сериозни болести.