Што треба, а што не треба да направите за вашата хигиена по сексот?

Сподели

Кога ќе размислите, со комбинацијата од бакнување, пот и размена на останати телесни течности кои се појавуваат за време на сексот, станува збор за навистина неуредна активност. Токму затоа и постојат неколку прашања за хигиената по сексот кои е добро да ги знаете.

Реклама

rn

1. Како да се измиете по сексот?

rnКога станува збор за чистење на вагината, таа по сексот се чисти самата, дури и ако во неа остане сперма. Покрај тоа, ако се обидувате да ги преземете нештата во своите раце, можете да направите повеќе штета отколку корист. Тоа што можете да го направите е нежно да ја исперете вулвата со топла вода, особено ако сте склони на иритации и инфекции на уринарниот тракт.rn

Реклама

2. Мора ли да мокрите одма по сексот?

rnМокрењето по сексуалниот однос може да помогне при спречување на вагинални, односно уринарни инфекции. Теоријата зад оваа метода е дека доколку телото не се ослободи од течностите, бактериите би можеле да останат во уретрата. Мокрењето по сексот не е воопшто лоша идеја, а може да ви донесе и психолошко олеснување. Сепак не мора да брзате веднаш да одите во тоалет по завршувањето на односот, слободно можете да почекате и до 30 минути за да уживате покрај партнерот.rn

3. Што ако сте имале анален секс?

rnПо аналниот секс веднаш истуширајте се и измијте ја целата генитална област со цел да се ослободите од какви било потенцијални бактерии. Туширајте се со топла вода и користете сапун што не е агресивен.rn

4. Како се одржува хигиената на креветот?

rnМоментите по сексот се одлични за поврзување со партнерот и уживање во чувствата кои се создаваат со ослободувањето на хормонот за среќа. Токму затоа и немојте одма по односот да бидете опседнати со миење и чистење на креветот. Сосема нормално е некогаш и да заспиете по односот без да се средите, особено ако и двајцата редовно се грижите за својата хигиена.rn

Реклама

5. Што ако сте бремени?

rnСексот за време на бременоста во поголемиот дел од ситуациите е сосема сигурен, но тоа е и период кога многу лесно се добиваат инфекции на уринарниот тракт. Доколку сте трудница, уринирајте по секој однос, и измијте ги рацете и областа околу вагината со топла вода. Исто така испијте и една чаша вода.

Прочитајте и за овие сексуално преносливи болести што се пренесуваат и без секс.

Најново

Може ќе ве интересира