КАФЕ ПАУЗА

Што ќе ни донесе Венера во Лав од 11 август до 5 септември?

Што ќе ни донесе Венера во Лав од 11 август до 5 септември?

За разлика од Венера во Рак под чија енергија сакавме да бидеме опкружени со семејството, Венера во Лав ќе ни донесе поинаква енергија. Така, ќе имаме желба да посетуваме скапи ресторани и да ја покажеме нашата нова облека. Под нејзино влијание ќе бидеме смели, самоуверени и заводливи.rnrnШто ќе ни донесе Венера во Лав од 11 август до 5 септември?rnrnОваа Венера сака да ѝ се восхитуваат и постојано сака нови комплименти. Најсреќна е кога сите погледи се насочени кон неа бидејќи таа е една и единствена. Оваа Венера сака да љуби и да биде љубена. За неа, доколку нема почит, нема ни љубов. Таа несебично ја љуби личноста која ја заслужила нејзината наклонетост, но очекува да биде возвратена нејзината љубов.rnrnДодека Венера транзитира низ знакот Лав можеби ќе почувствуваме потреба да му се претставиме на светот во најдобро светло. Со други зборови, ќе сакаме да бидеме дотерани, убави, нашминкани и посебни.rnrnОва ќе биде време на ширење и привлекување љубов. Ќе нè привлекуваат моќта, гламурот и луксузот, па така големи се можностите дека вниманието ќе ни го привлече личност со висок статус и добра финансиска состојба.rnrnОва ќе биде и поволно време да уживате во љубовта, забавата, уметноста, креативноста, спортот, танцувањето и вашите хобија. Почестете се со романтична вечера, нова театарска претстава, блескав накит, скап парфем, ново парче облека или нова фризура.rnДружете се, забавувајте се и не откажувајте се ниту за миг од вашите соништа.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе Венера во Лав почнувајќи од денес, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе ни донесе полната Месечина во август.rnrnИзвор: atma.hr