Сетилото за вкус, како и останатите сетила, со текот на годините слабее, но некои фактори на кои секојдневно сме изложени можат да предизвикаат прерано исчезнување на рецепторите за вкус на јазикот, резултирајќи со негово слабеење. Дознајте кои 7 навики се заслужни за тоа.rnrn
rn
1. Прејадување
rnЕдно истражување покажало дека луѓето кои често се прејадуваат, послабо ги распознаваат вкусовите (благо, кисело, солено и горко).rn
2. Консумирање премногу сол и преработена храна
rnАко постојано додавате сол во јадењето или често јадете преработена храна во која има премногу сол, рецепторите за вкус со текот на времето ќе се навикнат на неа и ќе мора да додавате сè повеќе и повеќе за да ја почувствувате. Затоа наместо сол, во храната додавајте некаква нејзина замена, како што се растителните зачини.rn
3. Изложеност на пестициди
rnТоксините од околината, како што се арсенот, бензолот и пестицидите можат да ги нарушат сетилата за вкус и мирис. Храната загадена со пестициди исто така може да ги ослаби нашите рецептори за вкус на јазикот.rn
4. Пушење
rnПокрај тоа што пушењето е штетно за белите дробови и воопшто за здравјето, оваа зависност не само што го уништува сетилото за вкус, туку и предизвикува намалување на бројот на рецептори за вкус. Пушењето е една од најчестите причини за намалување на осетливоста на вкусовите.rn
5. Премногу шеќер
rnСамо два пијалаци во денот, кои дополнително ќе ги засладите со шеќер, можат во рок од 4 недели да го ослабат сетилото за вкус и да го намалат уживањето во благите работи, а истовремено да ја зголемат и желбата за благо. Тоа е затоа што нашите сетила копнеат за благ вкус, а не можат во целосност да го почувствуваат. Со други зборови, колку повеќе шеќер јадете и пиете, толку потешко ќе го чувствувате и повеќе ќе го посакувате.rn
6. Лекови
rnСетилата за вкус и мирис исклучително се преплетуваат: 65 до 75 проценти од сетилото за вкус, всушност го сочинува сетилото за мирис. Со оглед на тоа дека некои лекови дејствуваат на сетилото за мирис, со тоа дејствуваат и на сетилото за вкус. Умерената употреба на лекарства нема да ги наруши овие сетила, но секојдневната може многу негативно да влијае.rn
7. Лоша орална хигиена и недостаток на витамини
rnАко не ги миете забите редовно и доволно долго (двапати во денот по 2-3 минути) или ако имате расипан заб, може да се случи вкусот на храната да го чувствувате многу послабо од претходно. Исто така, недостатокот на некои витамини во организмот, како на пример железото и витаминот Б, може да резултира со слабеење на сетилото за вкус.