КАФЕ ПАУЗА

Добро размислете: 5 грешки кои ви го уништуваат здравјето, а сигурно сте ги направиле во последните 60 минути!

Во моментот кога започнува вашиот работен ден, вие скоро веднаш започнувате да правите неколку грешки кои се чинат безопасни, но всушност многу негативно влијаат на вашето здравје. Прочитајте и добро размислете кои од овие грешки редовно ги правите, па сами проценете дали конечно треба да почнете да се самоконтролирате и да се откажете од лошите навики.rnrndobro-razmislete-5-greshki-koi-vi-go-unishtuvaat-zdravjeto-a-sigurno-ste-gi-napravile-vo-poslednite-60-minuti-kafepauza.mkrn

1. Сте се допреле по лице

rnЛуѓето едноставно не можат да престанат да се допираат по лице. Статистичките податоци покажуваат дека човек во просек се фаќа 4 пати за лице, во период од само 1 час. Се прашувате во што е проблемот? Јавните површини се преполни со бактерии. Доближувајќи ги прстите до лицето, ја зголемувате можноста за развој на болести или избивање на некои израстоци на кожата.rn

2. Не сте станале од столче

rnНачинот на живот кој подразбира долго седење го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Проблемите со кичмата да не ги ни спомнуваме. Ако сакате да го спречите ризикот од сето наведено, станувајте на секој половина час и растегнете се. На секои 60 минути, барем на кратко протегнете ги нозете.rn

3. Сте грицкале покрај компјутер

rnАко имате навика да јадете пред екранот на компјутерот или телевизорот, во организмот внесувате многу повеќе калории во однос на луѓето кои на своето јадење можат да му се посветат без попречување. Иако можеби сметате дека јадењето додека истовремено завршувате работа ве прави практични, вистината е дека на тој начин всушност само му наштетувате на обемот на вашиот струк.rn

4. Сте ги триеле очите

rnЧесто триењето на очите е поврзано со болест на раздразнување на рожницата позната под името кератоконус. Оваа навика со тек на време доведува до потреба од носење очила, контактни леќи или ласерска корекција. Ако носите леќи и ги триете очите, уште повеќе може да му наштетите на својот вид.rn

5. Сте ја стискале бешиката

rnОд премногу обврски не сте стигнале да појдете до тоалетот? Повременото стискање на бешиката е нормално, но ако тоа го претворите во навика, може да станете подложни на уринарни инфекции или да си направите проблеми со инконтиненција (неможност за контролирање).