КАФЕ ПАУЗА

7 намирници богати со витамин Д кои треба да бидат застапени во вашата исхрана во зима

7 намирници богати со витамин Д кои треба да бидат застапени во вашата исхрана во зима

Храната богата со витамин Д го зајакнува имунитетот, го подобрува расположението и е неопходна во секое време, особено во есен и зима.rnКако што на сите ни е добро познато, главниот извор на витамин Д е сончевата светлина, а токму тоа ни недостасува во есенските и зимски денови. Оттука се јавува потребата од намирници во секојдневната исхрана што го содржат овој витамин.rnrn7 намирници богати со витамин Д кои треба да бидат застапени во вашата исхрана во зимаrnrnОсвен што го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението, витаминот Д го намалува ризикот од некои автоимуни болести, ги штити мускулите и нервите. Некои истражувања покажале декаовој витамин го намалува ризикот од некои видови рак. Симптомите на недостаток на витамин Д во организмот се различни кај секого. Освен болка и грчеви во мускулите, како симптоми можат да се појават и чувството на премаленост и промена во расположението.rnrnЕве кои намирници се богати со витамин Д.rn

1. Сина риба

rnСините риби како лососот, пастрмката и скушата сосема ги задоволуваат секојдневните потреби од витамин Д. Други свежи риби кои го содржат овој витамин се сом, крап, сабјарка како и морски плодови.rn

2. Риба од конзерва

rnХарингата, туната и сардините се исто така богат извор на витамин Д, но тие се и поевтина опција за разлика од горенаведените видови риби. Сепак, овој вид риба содржи и метил жива, еден вид на токсично соединение, затоа не се препорачува да се јаде конзервирана риба повеќе од два пати неделно.rn

3. Масло од црн дроб на бакалар

rnРибиното масло генерално содржи витамин Д, а бакаларот е на прво место. Нутриционистите советуваат да се зема една лажица рибино масло на ден (за среќа, денес постојат и капсули).rn

4. Печурки

rnДоколку не сакате риба или сте веган, можете да внесувате витамин Д во организмот преку печурките.rn

5. Јајца

rnЈајцата се исто така добар извор на витамин Д што се наоѓа исклучиво во жолчката.rn

6. Млеко

rnКравјото млеко содржи доволно количество на витамин Д за да се задоволат дневните потреби, но доколку сте веган, овој витамин можете да го најдете како додаток во алтернативните опции како млеко од соја, бадем или овес.rn

7. Јогурт

rnЕдна шолја јогурт содржи околу 20% од препорачаната дневна доза на витамин Д, а наместо јогурт, како алтернативна веганска опција се препорачува тофу.rnrnОткако прочитавте кои намирници богати со витамин Д треба да бидат застапени во вашата исхрана особено во зимскиот период, можеби ќе ве интересира да прочитате и кои намирници го подобруваат расположението во зима.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs