Секоја жена има свои цели и соништа, но не сите ги остваруваат. Жените кои го добиваат она што го сакаат делат неколку карактеристики. Тие се храбри, веруваат во себе и добро знаат за што се способни. Погледнете ги особините кои ќе ги сретнете кај секоја остварена жена.rnrn
rn
1. Независни се во секој смисла
rnОвие девојки најчесто уште од рана младост размислуваат како и каде ќе заработуваат. Тие одлучуваат рано да го напуштат домот на родителите и не им е страв да отидат во друг град или држава за да се образуваат, развиваат и растат. Овие девојки веќе до 25-тата година имаат јасен план за нивната кариера. Некои од нив имаат значајно работно искуство и направиле нешто во животот. Нивното делување не застанува само со планирање и тие работат на нивната иднина.rn
2. Од мали знаат да се грижат за себе
rnОвие жени знаат дека никој не им должи ништо и не мислат дека им е гарантиран убавиот живот, без разлика од какво семејство потекнуваат. Тие се потпираат на нивните напори и способности.rn
3. Не бараат помош
rnОвие жени можат да побараат помош, но откако ќе пробаат сè останато. Кога конечно ќе сфатат дека не можат сами да направат нешто, тогаш одлучуваат да најдат личност што ќе им помогне. Оваа особина е одлична и на училиште. Оваа девојка може цел ден да седи пред нерешлива задача по математика, и дури вечерта да побара помош од родителите.rn
4. Не прават компромиси
rnОвие жени знаат за што се способни и не им е потребно одобрување од другите. Тие ги напуштаат активностите што не ги исполнуваат, а во тинејџерските години самите одлучуваат што сакаат да бидат и на кое училиште да се запишат. На факултет сите задачи ги завршуваат самите, бидејќи она што одбрале да го учат навистина ги интересира.rnrnСпротивно на мислењето на другите, овие жени секогаш ја добиваат работата, партнерот и животот што го сакаат. Исто се однесуваат и на работното место – заземаат нивен став за одреден проблем и ако ништо не се промени, подготвени се да го променат работното место.rn
5. Никогаш не се споредуваат
rnОвие жени никогаш не се споредуваат со пријателите, роднините или колегите. Знаат дека секогаш ќе постои помлада, поуспешна или побогата жена од нив. Тие се споредуваат со самите себе, со личноста којашто биле вчера или минатата година и се оценуваат на овој начин.rn
6. Задоволни се од нивниот изглед
rnОвие жени не сакаат да го оперираат нивниот нос, да ги зголемат усните или да се потресуваат бидејќи изеле две парчиња торта. Тие се негуваат, се грижат за нивниот изглед и не се жалат дека не се убави. Тие се грижат за нивната убавина без намера да ја променат.rn
7. Не прифаќаат нееднаквост
rnСо овие жени можете да комуницирате само рамноправно. Нив не им е важно кој е побогат, кој има поголем авторитет или кој има подобра позиција на работа. Тие разговараат со директорот на фирмата исто како и со касиерот во продавница. Никогаш не се неучтиви кон келнерите и не го поднесуваат потценувањето.rnrnПогледнете и кои карактеристики се одраз на силните жени.
