КАФЕ ПАУЗА

Јадете ги почесто: Овие 5 намирници го подобруваат расположението во зима

Јадете ги почесто: Овие 5 намирници го подобруваат расположението во зима

Мрачните и студени зимски денови често предизвикуваат чувство на непријатност и незадоволство. Најчестата причина за тоа е недостатокот на витамин Д во организмот. За разлика од летото, кога сонцето ве снабдува со доволно витамин Д, во зимските месеци треба сами да се грижите за тоа преку исхраната. За да успеете во тоа и да се чувствувате добро во текот на зимата, треба почесто да ги јадете овие пет намирници:rnrnЈадете ги почесто: Овие 5 намирници го подобруваат расположението во зимаrn

Јајца

rnЈајцата содржат многу витамини и минерали, но витаминот Д се наоѓа само во жолчката. Затоа, не избегнувајте ги жолчките ако држите диета и ако внимавате на калориите. Се разбира, не треба веднаш да испржите 10 јајца – бидете умерени и јадете ги повремено.rn

Млеко со низок процент на масти

rnОсвен што кравјото млеко содржи многу калциум, богато е и со витамин Д. Една чаша содржи околу една шестина од препорачаната дневна доза.rn

Лосос

rnОсвен што е вкусен, лососот е богат со витамин Д. Со 85 грама зготвен лосос е покриена речиси целата препорачана дневна доза на витамин Д.rn

Печурки

rnПечурките се богати со витамин Д, иако количината може да варира во зависност од видот. Сепак, се препорачува почесто да се консумира оваа храна во зима.rn

Сок од портокал

rnСвежиот цеден сок од портокал е подобар, но ќе ги задоволите дневни потреби на витамин Д и со купен сок од портокал. Во таквите пијалаци има околу една третина од потребната дневна доза во една чаша.rnrnПрочитајте кои намирници треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна.