Постојат многу начини да се ослободите од несаканата тежина, и лесно можете да пронајдете стотици истражувања и илјадници совети. Но проблемот е тоа што одреден метод може да му помогне на еден, а да биде целосно бескорисен за друг. Причината за ова е тоа што сите ние имаме различни тела, а токму поради тоа треба да разбереме како нашето тело се дебелее за ефективно да го намалиме вишокот килограми. Постојат 6 различни типови тело, во зависност од тоа каде најмногу се складираат масните наслаги.rn
1. Масни наслаги во горниот дел од телото
Причина:
rnОвој вид масти обично се акумулираат бидејќи консумирате повеќе калории отколку што трошите. Главните причини се прејадување и неактивност.rn
Како да се ослободите?
rn
- rn011
- Правете аеробни вежби бидејќи овој вид масти настануваат поради недостаток од физичка активност. Пешачење, трчање или пливање барем 30 минути дневно ќе ви помогне да го изгубите вишокот килограми.
- Престанете да консумирате рафиниран шеќер и заборавете на засладените пијалаци. Слатката храна и пијалаци нема да направат да се чувствувате сити, туку со нив само ќе внесувате многу непотребни калории.
rn011
rn
rn
2. Масни наслаги на долниот дел од абдоменот
Причина:
rnНекои од причините за овие масни наслаги се стрес, депресија и анксиозност.rn
Како да се ослободите?
rn
- rn011
- Избегнувајте стресни ситуации и научете да се релаксирате. Хормонот за стрес, кортизол, прави масните наслаги да се акумулираат во стомакот, па добар избор е да медитирате или да правите вежби за дишење.
rn
rn
3. Масни наслаги во долниот дел од телото
Причина:
rnЕдна од причините за тоа што вашите бутови се значително поголеми е вишокот глутен во исхраната. Ако не сте задоволни од големината на долниот дел од вашето тело, можеби треба да пробате безглутенска исхрана.rn
Како да се ослободите?
rn
- rn011
- Качувајте ридови и скали. На овој начин брзо ќе ги согорите масните наслаги на бутовите и ќе ги зајакнете мускулите на нозете.
- Не прескокнувајте го појадокот. Ако не појадувате за да го стартувате вашиот метаболизам наутро, ќе се чувствувате погладно во текот на денот и ќе изедете повеќе.
rn011
rn
rn
4. Подуен стомак
Причина:
rnПретераното консумирање алкохол може да го зголеми вашиот стомак. Па, почнете да си ги броите пијачките ако сакате рамен стомак.rn
Како да се ослободите?
rn
- rn011
- Намалете го алкохолот бидејќи најголемиот дел од неговите калории завршуваат како масни наслаги на стомакот. Исто така тој ќе ви предизвика и други здравствени проблеми.
- Поделете ја храната во помали порции и јадете почесто. Ова ќе го подобри вашиот метаболизам, ќе ви ја одржи енергијата, а вашиот стомак ќе изгледа помал по секој оброк.
rn011
rn
rn
5. Масни наслаги на долниот дел од телото и долниот дел од нозете
Причина:
rnОвој проблем е чест кај жените кои имаат проблеми со вените на нозете и во текот на бременоста, кога нозете може да отечат.rn
Како да се ослободите?
rn
- rn011
- За да го избегнете отекувањето, престанете да јадете солена храна бидејќи солта предизвикува задржување на течностите во вашето тело.
- Немојте да седите без да се помрднете повеќе од 30 минути. Обидете се да станете и да пешачите. Ако имате можност да легнете со кренати нозе, направете го тоа за да спречите насобирање на течности во долниот дел од вашите нозе.
rn011
rn
rn
6. Голем стомак и масни наслаги на грбот
Причина:
rnГлавната причина за ова е неактивноста, па ако имате проблем со голем стомак и масни наслаги на грбот, веднаш почнете да вежбате.rn
Како да се ослободите?
rn
- rn011
- Осигурете се дека спиете доволно. Недостатокот од сон може да предизвика промени во вашите хормони, да го зголеми апетитот и да предизвика покачување на тежината која најмногу ќе се складира во вашиот стомак и грб.
- Почесто јадете храна богата со влакна. На овој начин ќе го намалите апетитот и апсорбирањето калории, а вашиот грб и вашата половина ќе изгледаат многу подобро.
rn011
rn
rnВажно е да запомните дека здравата исхрана и активниот животен стил ќе имаат најдобро влијание на вашето тело, без разлика на вашата фигура.
За мотивација, погледнете ги овие совети за слабеење од оние кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.

