Иако некои од вас веќе биле на море и поработиле на исончаниот тен, сѐ уште не е доцна за губење на килограмите. Ако морате да изгубите поголем број килограми, тоа значи повеќе вложен труд и соочување со бројни предизвици. Експертите за слабеење, како и оние кои успеале во тоа, одлучиле да споделат неколку совети за успешно губење на килограмите.rnrn
rn
1. Обилен појадок
rnЛуѓето кои обилно појадуваат, а ноќта помалку јадат, губат поголем број килограми. Некои истражувања тврдат дека високопротеинскиот оброк, особено ако е во крут и во топол облик, дава подолго чувство на ситост. Наутро е најдобро да изедете оброк кој содржи од 350 до 400 калории со барем 25 грама протеини.rn
2. Водете фото дневник
rnНајдобро ќе запомните што сте јаделе ако е тоа фотографирано. Пред секое јадење, погледнете во галеријата што сте јаделе претходно, а потоа документирајте го новиот оброк. Тоа ќе ве потсети на сето она што сте го изеле во текот на денот и ќе ви помогне да ја намалите количината на следниот оброк или да изберете нешто друго.rn
3. Употребете апликација
rnДенес постојат разни апликации со кои полесно ќе ги следите и планирате вашите идни оброци. Со помош на апликацијата ќе можете да ги следите и потрошените калории додека се движите и да проверите дали сте на добар пат.rn
4. Испробајте го планот за замена на оброците
rnСпоред експертите за слабеење, ако јадете еден редовен оброк дневно, а останатите ги замените со супа, смуди и протеински шејк, резултатите нема да изостанат.rnrn
rn
5. Правилно распоредете ги намирниците во видното поле
rnДалеку од очите, далеку од срцето. Или во овој случај, од желудникот. Експертите сметаат дека најпрво од вашиот дом би требало да ги исфрлите сите штетни и калорични намирници на кои не можете да им одолеете. На видливо место ставете свежо овошје, зеленчук, житарки и останати здрави производи.rn
6. Купувајте паметно
rnНикогаш не одете да пазарите доколку сте гладни. Тогаш сигурно ќе купите нешто што не би требало да го јадете. Исто така, пред пазарењето пожелно е да направите листа и да се придржувате до неа.rn
7. Осигурете поддршка од семејството и пријателите
rnАко во некој случај, поддршката од семејството или пријателите изостане, секогаш можете да се зачлените на некој форум каде што луѓето во слична ситуација како вашата ќе може да ви пружат поддршка. Тоа може да биде голема мотивација за продолжување и спроведување на правилната исхрана.rn
8. Вежбајте
rnЗа да постигнете апсолутна складност, морате да ги поврзете умот и телото. Запишете се на некој тренинг, теретана или едноставно шетајте.rnrn
rn
9. Изградете мускули
rnИако мускулите се потешки од салото, помагаат при согорувањето на мастите. Во договор со вашиот тренер, направете програма за вежбање која ќе ја практикувате во комбинација со кардио тренинзи.rn
10. Пливајте
rnСо оглед на тоа што сè уште сме во летните месеци, обидете се да го искористите пливањето колку што можете повеќе. Пливањето троши доста калории и не ги оптоварува зглобовите.rn
11. Присетете се како сте изгледале
rnБез разлика на тоа што покажува вагата, запомнете дека телото се менува. За да се освестите, погледнете ги старите фотографии, а потоа погледнете се во огледалото. Испробајте ја старата облека, измерете го крвниот притисок кој сигурно е подобар, измерете го нивото на шеќер во крвта и обрнете внимание на подобрата кондиција.