Сте запознале дечко кој ви се допаѓа и веќе некое време се гледате. Тоа е супер, но вие се чувствувате како вашата врска да не оди никаде. Имате сомнежи во врска со него, не сте сигурни што мисли тој за вас и зошто така се однесува кон вас.rnrn
rnrnПрочитајте ги овие знаци за да дознаете дали не му е грижа за вас.rn
1. Нередовно јавување
rnЕден ден ви се јавува по 10 пати и ви праќа по 100 пораки, се гледате, супер ви е заедно, а веќе следниот ден воопшто не се јавува. Штом ќе се навикнете дека веќе го нема, тој повторно се појавува и така постојано во круг.rn
2. Брзи договори
rnВашите средби не се планираат со денови или со часови однапред, туку еден час пред состанокот. Не, тоа не значи дека е спонтан, тоа значи дека сите останати договори му пропаднале.rn
3. Не му е страв
rnДа ве остава разочарани, не му е на листата на работи кои не би требало да ги прави. Всушност, тоа често случува, затоа што не му е страв дека ќе ве изгуби.rn
4. Постојано сте дома
rnДали некогаш сте отишле на кафе во кафуле или на филм во кино? Секако дека не.rn
5. Обврска
rnАко тој постојано има потреба да ви нагласува дека не е спремен за врска, значи дека не е спремен за врска со вас. Со други зборови, вие сте му занимација додека не ја најде „вистинската“.