КАФЕ ПАУЗА

Како да направите тој да се заљуби до уши во вас?

Како да направите тој да се заљуби до уши во вас?

Девојките многу често се прашуваат кои карактеристики треба да ги поседуваат за да направат момчето за кое се заинтересирани да се вљуби во нив. Нормално дека сите имаат различен вкус, но постојат одредени карактеристики кои сигурно ќе направат тој да ја изгуби главата по вас.rnrnКако да направите тој да се заљуби до уши во вас?rn

1. Покажете љубов кон животот

rnНеверојатните жени им се радуваат на малите работи. Таа возбуда и страст ќе предизвика и тој да го засака животот. Ако девојката е среќна поради тоа што јадела во омилениот ресторан или прочитала неверојатна книга, момчето тоа веднаш ќе го забележи. Љубовта кон животот е заразна. Покажете дека и вие ја имате и споделете ја!rn

2. Не плашете се да го допирате

rnСоодветниот допир може да направи момчето да се чувствува како да ве познава со години, дури и ако штотуку ве запознал. Клучот е во суптилноста. Потчукнете го нежно по раката кога ќе ви каже некоја шега или ставете ја раката на неговото рамо кога му се доближувате. Тој веднаш ќе почувствува силна поврзаност помеѓу вас двајца.rn

3. Забележете ги неговите најдобри квалитети

rnМомците го губат разумот кога девојката го гледа најдоброто во нив. Ако тој ви го каже неговиот план да започне бизнис наредна година, кажете му го следново: „Тоа е супер! Ме фасцинираат луѓе кои сакаат да создадат нешто свое“. Тој ќе го цени тоа и веднаш ќе почне да се вљубува во вас.rn

4. Поделете ги одлуките

rnНа првиот љубовен состанок дозволете му да го одбере местото, но кога ќе стигнете таму кажете јасно што сакате. Предложете каде точно да седнете или што да јадете. Ако му дадете до знаење што точно сакате, тој ќе добие задоволувачко чувство дека може да ги исполни вашите желби и потреби.