5 трикови кои ќе ви помогнат да си легнувате порано

Сподели

Сигурно ги знаете придобивките од будењето рано наутро, но за тоа е потребно и да си легнувате порано. Се разбира, многу често полесно е да се каже отколку да се направи. Па затоа, еве ви 5 трикови кои ќе ви помогнат да си легнувате порано.

Реклама

rn

Исклучете ги сите електронски направи порано

rnКористењето електронски направи навечер го тера мозокот да работи. Светлината го намалува производството на мелатонин, хормон кој го контролира циклусот на спиење. Исто така, ако имате навика да гледате телевизија или да играте игри, вие го зголемувате нивото на кортизол, хормонот за стрес. Па, најдобро е да ги исклучите електронските направи еден час пред спиење.rn

Пишувајте дневник

rnИако звучи како нешто што го прават тинејџерите, дневникот може да ви помогне да се успиете порано, се разбира доколку не го пишувате на компјутер. Кога ќе ги запишете вашите грижи и мисли, привремено ќе заборавите на нив и полесно ќе заспиете.rn

Не ја носете работата дома

rnКога ќе одлучите да работите од дома, постојано ќе бидете во искушение да работите до доцна во ноќта. Подобро е работата да ја оставите во канцеларијата и да ѝ се посветите целосно следниот ден наместо претходната вечер, пред спиење.rn

Избегнувајте жешки бањи

rnМожеби сте слушнале дека жешката купка ќе ве опушти. Тоа е вистина, но исто така ќе ви ја покачи и телесната температура. Ако сакате да се опуштите со купка, направете го тоа со постудена вода, и барем еден час пред легнување.rn

Будете се во исто време

rnНајдобриот трик да почнете да си легнувате порано е да станувате во исто време секое утро. На почетокот ќе ви биде тешко, но со текот на времето вашето тело ќе се навикне и ќе почнете да заспивате порано.

Откриете и колку часови спиење ви се потребни според вашата возраст.

Популарно

Може ќе ве интересира