Колку сон ни е навистина потребен? Ова прашање ги прогонувало експертите со години, но изгледа дека конечно можеме да го откриеме одговорот. На кратко, потребното време за спиење зависи од вашата возраст. Не постои совршено време кое му одговара на секој човек, но според извештајот од „National Sleep Foundation“ можеме да дознаеме колку отприлика време ни е потребно според возраста. Погледнете ги нивните препораки.rnrn
rn
- rn011
- Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа на ден
- Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа на ден
- Деца (1-2 години): 11-14 часа на ден
- Претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа на ден
- Школска возраст (6-13 години): 9-11 часа на ден
- Адолесценти (14-17 години): 8-10 часа на ден
- Млади возрасни (18 – 25 години): 7-9 часа на ден
- Возрасни (26-64 години): 7-9 часа на ден
- Постари возрасни (65+ години): 7-8 часа на ден
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЗа најголемата група, возрасните, препорачаното времетраење на сонот останува непроменето, што има логика со оглед на тоа што 7-те часа се доволни за поголем дел од луѓето на оваа возраст. Овој извештај ги издвојува категориите млади возрасни и постари возрасни од возрасните бидејќи на помладите им е потребно малку повеќе сон. Од друга страна пак, постарите возрасни можат добро да поминат и со еден час помалку спиење.rnrnДобриот сон не секогаш е толку лесно да се постигне, но обидувајте се да наоѓате време за спиење бидејќи тоа може да биде клучно за вашето здравје.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn