КАФЕ ПАУЗА

5 секојдневни навики кои всушност се главни виновници за вашиот умор

Written by

in

,

Ако мислите дека исцрпеноста е нешто со што мора да живеете и од што не можете да се ослободите, размислете повторно! Експертот за спиење Оливија Арезоло открила кои се грешките што луѓето најчесто ги прават во својот живот, чии последици се неквалитетен сон и умор во текот на целиот ден.rnrnrn

1. Се туширате со жешка вода

rnМожеби мислите дека топлата вода ве смирува и ве опушта пред спиење, но тоа за жал воопшто не е вистина. Оливија тврди дека премногу топлиот туш ја подигнува температурата на телото поради што нема да можете да потонете во длабок сон. Ако не можете да издржите туширање со млака или ладна вода, туширајте се барем два часа пред спиење или наутро после будење.rn

2. Работите во текот на ноќта

rnИако можеби подобро функционирате навечер, за жал ова негативно влијае на квалитетот на вашиот сон. Ноќното работење неповолно влијае на вашиот мозок и не му дозволува доволно да се опушти за време на спиењето за да се одмори за новиот ден.rn

3. Пиете премногу алкохол

rnАлкохолот на телото влијае многу слично како кофеионот, поради високото количество шеќер. Оливија советува дека ако понекогаш се одлучите за чаша вино или некој друг алкохол, последната голтка нека ви биде барем три часа пред спиење.rn

4. Премногу сте изложени на вештачко светло

rnОливија тврди дека запаленото светло во текот на попладнето и ноќта може негативно да влијае при производството на мелатонинот – хормонот што ни помага да заспиеме. Покрај тоа што влијае и на хормоните, светлото предизвикува краток и лош сон.rn

5. Го одложувате будилникот

rnСигурно сте многу добро запознаени со популарниот термин „снуз“, кој значи одложување на алармот со цел да поспиете барем уште неколку минути. Но, токму тоа презаспивање ќе направи да се чувствувате уморни во текот на целиот ден.rnrnМислевте дека овие навики се лоши? Размислете повторно!