Сите сакаме нашиот животен простор да биде и практичен и удобен. Секако, сите имаме различен вкус и за вкусовите не треба да се расправа, но кога е во прашање декорацијата на домот, вреди да се посоветуваме со експертите. Професионалните дизајнери ни открија неколку едноставни трикови кои вашиот дом ќе го трансформираат во ремек-дело, доста поволно и за кратко време. Засукајте ги ракавите, па да започнеме!rnrn
rn
1. Ставете акцент на ѕидовите
rnЗа да изгледа собата возбудливо и живописно, не мора да го бојадисате секој ѕид. Едноставно бојадисајте еден ѕид или декорирајте го со дрвени плочи.rnrn
rn
2. Проѕирен мебел
rnОвој трик е особено добар за малите домови, бидејќи проѕирниот мебел ќе создаде илузија на поголем простор, додавајќи светлина и чувство на воздух во ентериерот.rnrn
rn
3. Направете сами дизајнерски парчиња од обичниот мебел
rnСо помош на боја и неколку дрвени штици, од кое било обично парче мебел ќе можете да создадете уникатен, дизајниран мебел.rnrn
rn
4. Урамено огледало како прозорец
rnОгледалото кое потсетува на прозорец не само што визуелно ќе создаде поголем простор, туку и ќе ја направи собата посветла, особено доколку го ставите наспроти вистински прозорец.rnrn
rn
5. Билки
rnБилките ќе внесат живот и во најдосадниот ентериер и значително ќе ја подобрат микроклимата во просторијата. Можете да ги ставите во различни ќошови или сите заедно на една полица.rnrn
rn
6. Книгите како дизајнерски елемент
rnНе кријте ги книгите по полиците, туку искористете ги нивните живописни корици како декорација. Можете да ги поставите на најнеобични места, како што е на пример стариот радијатор.rnrn
rn
7. Различни столици
rnИстите столици кои се поставени околу трпезариската маса се старомодни и досадни. Декораторите предлагаат различни столици, кои меѓусебно добро ќе се вклопат. На пример, може да бидат со иста боја или со сличен дизајн.rnrn
rn
8. Необично осветлување
rnМалите сијалички можете да ги претворите во многу повеќе од извор на светлина. На пример, тие може да бидат необично „платно“ за фотографи.rnrn
rn
9. Собни прегради
rnСобните прегради се одличен начин да го поделите просторот на повеќе удобни подрачја. На пример, како преграден ѕид можете да користите орман со отворени полици.rnrn
rn
10. Удобно место за седење до прозорецот
rnПросторот покрај прозорецот е совршено место за опуштање. Тука можете да поставите клупа или вистинска софа на која можете се седите додека читате или лежите.rnrn
rnrnДоколку верувате во тоа дека работите кои нѐ опкружуваат откриваат нешто за личностa, тогаш погледнете што кажува за вас ентериерот во кој живеете.