Некои жени сакаат да дебатираат за тоа како влијае она што тие го носат врз останатите. Сепак, модниот свет има доста големо влијание врз облеката што ќе ја носиме, но никој моден тренд до сега не остана константен. Доколку сакате да се изразите себеси со помош на облеката, тогаш погледнете ги овие 5 причини зошто не треба да се грижите што останатите мислат за вашата облека.rnrn
rn
1. Вие сте единствени и трендсетери
rnВоопшто не е неопходно вашата облека да биде етикирана или пак брендирана. Запомнете, доколку сакате да водите, тогаш престанете да следите. Без разлика дали ви се допаѓа или пак не, поразличното облекување секогаш ќе привлече внимание. Исто како модната блогерка, Мајка Џанели, можеби и вие размислувате да ги носите вашите основни парчиња облека на еден поегзотичен начин, така што ќе им додадете некои ексцентрични модни додатоци кои ќе ја канализираат вашата разиграна страна. Или, можеби сакате да изгледате уште покреативно со тоа што ќе ја вклопите бојата на вашата чанта со бојата на вашите чевли, исто како богерката Никол Варни. Како и да е, сето тоа останува на вас и начинот на којшто сакате да се изразите себеси, без да барате потврдување од светот околу вас.rnrn
rnrn
rn
2. Потребна е храброст за да го носите она што го сакате
rnПоентата во модата е тоа што за да го носите она што го сакате треба храброст. Луѓето ги почитуваат оние што го носат она што тие го сакаат. Единствена линија помеѓу овие две работи е тоа што треба храбро да се појавите за да го стекнете тоа почитување. Исто како веќе спомнатата блогерка, Мајка Џанели, може да изгледате прекрасно на вашата забава со тоа што ќе носите златно-металик фустан, со кој ќе изгледате гламурозно и екстравагантно. Исто така, можете да испробате малку посекси изглед, со тоа што ќе облечете чипкана блуза со пошироки фармерки кои создаваат одлична викенд модна комбинација.rnrn
rnrn
rnrnПродолжете на наредната страница за да ги дознаете и останатите причини зошто треба да останете верни на вашиот сопствен стил.rn
