КАФЕ ПАУЗА

5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаете

5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаете

Written by

in

,

Луѓето можат лесно да бидат доведени во заблуда благодарение на аурата на нарцистите. Тие можат да бидат збунети од нивните зборови и засрамени од нивната агресија. Не можат да сфатат дека таквото однесување е само еден вид маска која служи како одбранбен систем за да го скрие исплашеното дете. Всушност, тие се чувствуваат несигурни и имаат потреба од некој да ги ислуша. Во продолжение прочитајте кои 5 мали тајни луѓето со нарцисоидна природа не сакаат да ги знаете.rnrn5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаетеrn

1. Контрола

rnНарцисоидните луѓе мораат да ги контролираат другите и нивната природа, вклучувајќи ги и вашите верувања, чувства и однесувања со цел да се чувствуваат безбедно. Преку нивното однесување, тие се обидуваат да манипулираат со вас и да ве омаловажат за вие да бидете оние кои ќе се почувствуваат несигурни. Овој вид на одбранбен механизам се нарекува проективна идентификација. Во овој случај, вие го чувствувате речиси истото што тие го чувствувале како деца.rn

2. Чувство на градиозност

rnДали сте почувствувале колку нарцисоидните луѓе се фалат и фантазираат за себе, обидувајќи се секогаш да се претстават како најдобрите и најуспешните. Тоа го прават токму со цел да се чувствуваат помалку несигурни и засрамени.rn

3. Ароганција и завист

rnНарцисоидните луѓе веруваат дека мора да бидат подобри од сите останати луѓе во нивната околина. Ако дури и една личност се истакнува или е подобра во нешто, мора да ја надминат таа личност. Ако тие не се на врвот, тогаш ќе се сметаат себеси за неуспешни.rn

4. Преголема чувствителност

rnЛесно можете да претпоставите дека луѓето со нарцистичка природа се премногу чувствителни дури и кога станува збор за безначајна критика. Според нив, доколку вие не се согласувате со нив, тогаш сигурно вие не сте во право бидејќи тие секогаш мора да бидат оние кои ќе бидат во право. Тие ќе ве наречат вам премногу чувствителни, но всушност тие се оние кои се премногу чувствителни. Имаат потреба од постојана потврда, пофалба и одобрување поради нискиот степен на самодоверба.rn

5. Механизми за самоодбрана

rnИсто како дете во неволја, нивната прва одбрана би било негирањето кое може да вклучи и свесно лажење. Нивната следна одбрана би била да ве обвинат вас, нивниот шеф, колегите – било кој освен самите себе. Вашите факти се ирелевантни и вие само ќе си го губите времето расправајќи се со нив. Тие дури и можат да почнат со изјавите дека вие сте оние кои ги контролирате, а ако им го посочите ова, тие ќе бидат шокирани. Друга омилена одбрана им е проекцијата при што ве обвинуваат вас и другите дека сте слаби, премногу чувствителни, инфериорни и безначајни.rnrnОткако прочитавте за малите тајни на нарцисоидните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и како размислуваат нарцисите и зошто ги повредуваат луѓето околу себе.rnrnИзвор: themindsjournal.com