Ако сакате да го посетите најсреќното место во светот – одете во Данска. Односно, Данска веќе со години се наоѓа на врвот на листата со земји во светот во која живеат најсреќните луѓе. Затоа тие споделија 5 совети за посреќен живот кои лесно може да се следат.
rn
1. Уживајте во малите работи
rnСомелете свежо кафе и уживајте во секоја голтка. Изедете го печивото. Застанете и помирисајте ги ружите во маркетот. Не проверувајте ги работните пораки во текот на целиот викенд. Облечете ги оние нереално меки чорапи и уживајте во чувството кое ви го даваат. Прочитајте го весникот во мир. Во еден обичен ден, на пример вторник, замотајте се во ќебе во вашиот топол дом, после работното време и почестете се со чаша вино. Доживејте ги тие едноставни, мали уживања кои го прават животот прекрасен, а можат незабележано да поминат доколку не внимаваме.rn
2. Прегрнете ги дождливите денови
rnЖителите на Данска знаат како е да се има дождливо, тмурно и ладно време, долг, долг период. И тоа не ги спречува да бидат најсреќните во светот. Како им успева тоа? Па, дождливите денови се совршен изговор за читање книга. Студените ноќи? Уште една причина плус за да ги повикате пријателите кај вас. Данците се многу енергични и големи ентузијасти кога станува збор за пронаоѓање добри нешта дури и во најтемните денови.rn
3. Јадете соодветна храна
rnДанците сакаат да јадат соодветна храна, таква каква што сигурно би ја одобриле нашите баби – на пример, печено месо и компир. Секако дека тие нема да ја јадат секој ден оваа иста храна, но сигурно е дека не бегаат од неа.
rn
4. Создадете среќен и пријатен дом
rnСпоред едно истражување од Универзитетот во Лондон, гледањето убави работи нè прави посреќни. А, да имаат пријатен дом исполнет со убави работи е приоритет на секоја жена во Данска. Тоа не значи дека само луѓето што имаат многу пари можат да создадат пријатен и среќен дом – и деталите како што се украсени перници и миризливи свеќи ќе бидат доволни.rn
5. Одлучете кои луѓе се ваш приоритет
rnСтудиите докажале дека времето поминато со пријателите и семејството е клучно за нашата среќа и менталното здравје. И подобро од тоа да разговарате со пријателката додека истовремено разговарате на телефонот, ќе биде само доколку се фокусирате на разговорот. Мултитаскингот не е во природата на Данците. И немојте да ве гризе совеста доколку не правите ништо. Одморот е важен дел од животот во Данска, бидејќи тие знаат колку поминатото време во мир и спокој е важно за среќата.


