Од желба што побрзо да добиете бронзен тен веројатно често го заборавате нанесувањето на крема за сончање, а последиците може да бидат прилично опасни. Мора да знаете дека во текот на летото кремата за сончање е вашиот најдобар пријател, па затоа е потребно да ја нанесувате пред секое излегување на сонце, без разлика дали е краткотрајно или долготрајно. Скоро сите ние сме ги искусиле изгорениците од сонце, па затоа нема да ви судиме туку ќе ви ги откриеме постапките кои треба да ги избегнувате за да не го влошите проблемот дополнително.rnrn
rn
1. Лупење на оштетениот слој кожа
rnОтстранувањето на слоевите кожа е гадна навика со која ѝ отежнуваме на кожата рамномерно и ефикасно да оздрави. Наместо тоа, оставете ја природно да се излупи или длабински хидрирајте ја со производи по ваш избор. Нанесувањето на лосион ќе го подобри изгледот на изгорениците и воедно ќе го забрза процесот на заздравување.rn
2. Нанесување пилинг
rnКожата со изгореници е пречувствителна за какво било изложување на пилинг или производи кои содржат гликолна киселина, ретиноиди или салицилна киселина. Откако кожата ќе заврши со лупење, причекајте уште неколку дена пред да започнете со користење на производите кои ги содржат наведените состојки.rn
3. Пукање на меурчињата
rnМожноста за појава на инфекции се зголемува со пукање на меурчињата кои се предизвикани од изгорениците од сонце. Кога меурчето природно ќе пукне немојте да го отстранувате горниот слој кожа, бидејќи тој помага да се заштити новиот, сѐ уште чувствителен слој. Повредата од меурчињата обично заздравува без белези за помалку од недела дена, па затоа бидете трпеливи.rnrn
rn
4. Носење тесни парчиња облека
rnИзбегнувајте тесна облека колку што можете, бидејќи во спротивност дополнително ќе ги иритирате изгорениците. Додека болката не престане, носете ја онаа облека во која вашата кожа ќе може да дише.rn
5. Туширање со врела вода
rnТуширањето со врела вода не само што е болно, туку и дополнително ќе ја исуши вашата кожа и ќе влијае на пукањето на меурчињата кои се предизвикани од изгорениците.rnrnКога ќе добиете изгореници од сонцето секоја помош е добредојдена, па погледнете како да ја намалите нивната болка.