Мала доза на анксиозност е нормална, па дури и неопходна како инстинкт за преживување, но таа може да постане проблем кога ќе почне да го нарушува вашето секојдневие. За да спречите анксиозноста да влијае на квалитетот на вашиот живот, можете да ги погледнете нашите едноставни совети за справување со анксиозноста.rnrn
rn
1. Активен живот
rnИстражувањата покажале дека вежбањето и целокупниот активен начин на живот можат да помогнат во намалувањето на ефектите од хроничните болести како анксиозноста. Вежбањето ви помага да го оттргнете умот од работите што ве прават вознемирени. Покрај тоа, кога вежбате, пулсот се зголемува, што ја менува хемијата на вашиот мозок создавајќи неврохемикалии кои се борат против анксиозноста. Редовното вежбање исто така ја подобрува концентрацијата, што, од друга страна, помага да се намалат стресот и вознемиреноста.rn
2. Медитација
rnСо помош на медитацијата можете да го смирите вашиот ум, да ги разјасните вашите збунувачки емоции и да имате поприсебен и прониклив поглед.rn
3. Ароматерапија
rnАроматерапијата може да ги намали крвниот притисок и отчукувањата на срцето, да го подобри расположението и квалитетот на вашиот сон.rn
4. Билни чаеви
rnДокажано е дека билниот чај е корисен за смирување на нервите и за подобрување на сонот. Според едно истражување, билните чаеви се богати со природни биоактивни соединенија кои се карактеризираат со антиоксидантски, антивирусни и антибактериски својства.rn
5. Подобро управување со времето
rnЧестопати, стресот се јавува како резултат на пренатрупаниот распоред. Но, ако можете однапред да подготвите соодветен план и ефективно да управувате со вашето време, ќе можете да се справите со вашата анксиозност на многу подобар начин.rnrnОткако ги прочитавте нашите едноставни совети за анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и 28 лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме.rnrnИзвор: themindsjournal.com
