КАФЕ ПАУЗА

4 најпопуларни бои за пролетната сезона

По зимското сивило следува пролетното шаренило. Па, како што можете да видите на сите социјални мрежи, оваа сезона ќе доминираат 4 прекрасни нијанси на кои тешко ќе им одолеат дури и најстрасните љубителки на црната боја. Во продолжение дознајте за кои бои станува збор и подгответе се со време.rn

1. Пудресто розова

rn(1) 4-najpopularni-boi-za-proletnata-sezona-www.kafepauza.mkrnrnИстовремено романтична, нежна и сестрана, пудресто розовата боја е совршена пролетна нијанса која им стои на сите девојки. За разлика од посилните розови, оваа не е нападна и несериозна, туку неутрална нијанса што одлично оди со скоро сите други бои па нема да имате проблем при комбинирањето на вашата облека.rn

2. Сончево жолта

rn(2) 4-najpopularni-boi-za-proletnata-sezona-www.kafepauza.mkrnrnИсто како и минатото лето, така и оваа пролет ќе доминира сончево жолтата боја. Ако сте една од оние девојки што сакаат да бидат забележани, тогаш таа е совршениот избор за вас. Во зависност од вашиот стил, вие нема да згрешите дури ни ако се облечете од глава до пети во жолто. Сепак, доволен е само еден жолт детаљ за да ѝ даде свежина на секоја ваша модна комбинација.rn

3. Смарагдно зелена

rn(3) 4-najpopularni-boi-za-proletnata-sezona-www.kafepauza.mkrnrnИсто како и цветниот дезен, така и зелената боја е популарна за време на секоја пролет. Овој пат најмногу ќе се носат раскошните, смарагдни нијанси. Може дури да се каже и дека оваа боја е новата црна, бидејќи подеднакво лесно се комбинира, но е малку повесела од неа, правејќи ја идеалниот избор за сите љубителки на темните бои.rn

4. Нежна лаванда

rn(4) 4-najpopularni-boi-za-proletnata-sezona-www.kafepauza.mkrnrnВиолетовата беше прогласена за боја на 2018 година, па затоа и воопшто не изненадува фактот што модниот свет најмногу се заљубил во нијансата на лаванда. Таа е специфична боја што малкумина ја сакаат, но веруваме дека оваа пролет ќе ви стане омилена бидејќи е подеднакво нежна, романтична и неодолива како пудресто розовата.rnrnОвие 10 модни трендови ќе владеат во 2018-та година, а многу од нив веќе ги имате во вашиот гардеробер!